За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Што ни вели сонот?

Ако сакаме да живееме здраво треба редовно да спиеме, а спиењето да трае доволен временски период во текот на секои 24 часа.

Сонот е од суштинско значење за нашето здравје и благосостојба. Или како што вели Олдос Хаксли: “Тоа што не сме многу поболни или полуди, исклучиво е поради најблагословената и блажена природна милост на спиењето”.

Теоретски, една третина од животот ја поминуваме во спиење (осум часа спиеме, осум часа работиме и осум часа се рекреираме).

Шекспир кога зборува за сонот вели дека “спиењето е балсам за душата”, а Едисон спиењето го смета за “единствен начин на регенерирање на организмот и одмор на мозокот”.

Чарлс В. Демент го смета сонот за “слободна” територија: “Соништата му дозволуваат тивка и сигурна лудост на секој од нас, секоја вечер во животот”.

Скоро секој од нас смета дека барем некои од соништата кажуваат нешто интересно. Зошто?


Прво, затоа што сите сонуваме и тоа еден или повеќе соништа во текот на ноќниот одмор. Дури и оние кои тврдат дека не сонуваат (или барем забораваат дека сонувале) можат да се сетат барем на мал фрагмент од некој сон.

Второ, сите секојдневно им се воодушевуваме на симболиката, креативноста и изменетата реалност... кои потсвеста ни ги праќа преку сонот. Симболиката на сонот секогаш е многу посложена и повозбудлива од она што можеме да го замислиме будни.

Трето, затоа што природата на спиењето е таинствена, а соништата сè уште потаинствани.

Туѓите сништа никогаш нема ги знаеме бидејќи неможеме да ги видиме. А кога гледаме во нашиот сон е како да влегуваме во некој свет во кој нема ни време ни простор.

Како одеднаш да ни се прекинале врските со стварноста: можеме да бидеме млади или стари, да живееме во минатато и иднината, сè да биде чудно или сосема реално, можеме низ врата да влеземе во Лондон или да излеземе и да се најдеме во Индија и што сè не…

Порано се сметало дека спиењето е состојба на неактивност и исклучување на свеста. Денес тоа гледиште е изменето и се смета дека спиењето е состојба на многу сложена активност и изменета свесност.

Во минатото еден ист симбол имал исто значење кај сите сонувачи. За разлика од тогаш, денес се смета дека секој симбол има различно, посебно значење кај секого. “Ниту еден симбол во сонот неможе да се одвои од поединецот кој го сонува и не постои праволиниско или одредено толкување на кој било сон”, вели Јунг.

Со други зборови Вашиот сон Ви припаѓа само Вам. Па дури и некој друг да сонува ист сон како Вашиот, неговото значење ќе биде сосема поинакво.

Во следниот број ќе навлеземе подлабоко во симболиката на сонот и пораките што ги праќа потсвеста.

А што велат Вашите сништа? Пишете ни што сонувавте и очекувајте го своето индивидуално толкување во најскоро можно време.

Дотогаш, сонувајте!

Слични статии

Алтернативно катче

повеќе...
Ви препорачуваме
Перница Мемосан

Перница Мемосан

Анатомската перница од мемори пена ви обезбедува потпора на вашиот ’рбет, врат и рамена без точки на притисок.

[ Повеќе ]