За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Практични совети за добар сон

Брзото и стресно темпо на секојдневието предизвикува сè повеќе непреспиени ноќи. Со тоа расте и бројот на оние на кои им недостасува квалитетен сон.

Дали Вие имате проблем со заспивањето? Дали се будите наспани и одморени?

Ако на првото прашање одговоривте со да, а на второто со не – еве неколку практични совети за добар сон:

1. Откако ќе се разбудите, изложете се на силна светлина/сонце. Овој ритуал ќе Ви помогне во регулирањето на Вашиот природен биолошки часовник. Исто така, во Вашата спална треба да биде темно бидејќи светлината му смета на Вашето одморање.

2. Проверете го нивото на железо во крвта. Несоницата е честа појава кај оние жени кои имаат недостиг на железо. Доколку и Вие го имате истиот проблем, внесувајте повеќе железо во својот организам. Со тоа ќе го подобрите и својот сон и своето здравје.

3. Спијте на удобен и доволно голем кревет. Ако Ве вознемирува немирниот партнер со кого го делите креветот – спијте на поголем кревет. Проверете и кој тип на душек најмногу Ви одговара. Пробајте ги и ортопедските перници. Или земете повеќе перници. И се разбира, не заборавајте ја удобната памучна постелнина.

4. Избегнувајте да ја носите својата работа во спална. Колку пати на Вашиот кревет имало книги, тетратки, лаптоп или храна? Секој пат сте згрешиле! Користете го креветот само за спиење и секс. На овој начин, Вашето тело ќе научи дека спалната е место за одмор и интимност.

5. Направете мирна и удобна атмосфера во спалната. Проветрувајте и одржувајте рамномерна температура. Доколку сте во можност, направете и добра изолација, која ќе Ве штити од надворешната бучава.

6. Скријте го часовникот! Голем светлечки часовник во спалната прави да сте свесни за времето, а со тоа и нервозни. Поставете го часовникот така што нема да го гледате кога сте легнати.

7. Измислете свој ритуал! Бавна музика, миризлива купка, шолја чај, медитирање – пред спиење правете сè што Ве опушта. Практикувајте го својот ритуал и легнувајте си релаксирани и опуштени.

8. Некои закуски можат да помогнат. Амино киселината триптофан, која ја има во млекото, кикириките, мисиркиното месо, му помага на мозокот да создава серотин – хемикалија која пак Вам Ви помага да се опуштите. Токму затоа, топло млеко, парче тост со путер од кикирики или пак здела со житарици можат пријатно да делуваат на сонот. Покрај тоа, кога закуската е топла, Вашата телесна температура привремено се зголемува, а со следното „ладење“ се забрзува и заспивањето.

9. Напуштете го креветот доколку неможете да заспиете. Доколку лежите во кревет будни, а згора на тоа и се грижите зошто не заспивате, само си ја продолжувате маката. Најдобро е да станете и да правите нешто друго дедека не Ви се приспие.

10. Сменете го режимот на одење во кревет. Ако често имате проблеми со заспивањето, едноставно - легнувајте подоцна. Доколку спиете само по пет часа, а треба да станете на пр. во 7 часот наутро, легнете си во 2 часот. Овој режим можеби ќе Ви изгледа контрапродуктивно со тоа што на почетокот ќе ве лиши од некој час спиење,но сепак ќе Ви помогне времето во кревет да го поминувате спиејќи. Штом ќе го постигнете тоа, додавајте по 15 минути секој ден.

И на крајот: Ако не можете да заспиете, посетете ја нашата веб-страна и потсетете се на советите кои Ви ги дадовме. Лека ноќ.

Слични статии

Дали знаете и практични совети

повеќе...
Ви препорачуваме
Дормео Рол–Ап

Дормео Рол–Ап

Практичен душек кој може да се употребува како дополнителен душек или облога за душек. Јадрото на душекот е направено од хидролатекс (5см).

[ Повеќе ]
Единечен Дормео Мемори 2+12 + Фикс Флекс Дуо + Перница Мемосан

Единечен Дормео Мемори 2+12 + Фикс Флекс Дуо + Перница Мемосан

Со купување на пакетот Заштедувате 480ден, а добивате и подарок заштитна памучна прекривка за душек!

[ Повеќе ]