За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Каква е Вашата врска според позите на спиење?

Прегратки и тркалања во кревет се знаци за среќна двојка. Но, што ако преферирате различни страни и тоа со километарски простор меѓу Вас? Можеби начинот на кој што Вие и Вашиот партнер спиете има некакво подлабоко значење...

Спиете, сонувате, водите љубов, се прегрнувате...Што друго може да се однесува на двајца во кревет? Па, како што ќе прочитате – многу повеќе. Анализирањето на говорот на телото покажало дека позите на спиење можат да откријат одредени вистини за Вас и Вашата љубовна врска.
Со тек на време, позите на спиење се менуваат и развиваат, но во секој случај го содржат Вашиот емотивен импулс. Во каква поза спиете Вие и Вашиот партнер?

Ајде да ги погледнеме примерите:

Како асоцијација за интимна поврзаност, оваа поза е најчеста во првите три до пет години на врската или бракот. Обично, мажот е тој што ја прегрнува и држи блиску до себе жената.

Во случај таа да го прави истото, толкувањата се следни: или жената во врската е партнерот кој повеќе дава или на мажот во тој специфичен момент му треба некаква дополнителна нега. Споени како две лажици, со гениталиите допрени до задникот,оваа поза дава максимална физичка блискост, иако не е секогаш еротична.

Многу двојки кога спијат како лажици се чувствуваат удобно и сигурно. Па така, кога едниот ќе ја смени страната на спиење и другиот ја менува својата. Тие изгледаат како да се имитираат еден со друг, задржувајќи ја притоа истата поза.

Сосема блиску еден до друг, често спијат само на една перница. И тоа се случува одредено време, а потоа нештата се менуваат. Но, ако врската трае веќе подолго тоа не значи дека треба да се откажете од блискоста.


Лице в лице испреплетени во прегратка, партнерите ја покажуваат својата страст. Помалку честа од лажиците(и не толку удобна за така да ја преспиете цела ноќ ) оваа поза е својствена за жешкиот почеток на една љубовна врска.

Обземени еден од друг, тие забораваат на прекривката. Некои постари двојки и’ се враќаат на оваа поза во нивните посебни моменти. А некои пак воопшто не ја напуштаат. Што ако Вашиот партнер ја сака прегратката, а Вас Ве гуши? Како и за сите нешта во врската, па така и за позите на спиење потребен е компромис.

Или, останете прегрнати додека тој не заспие, а потоа искрадете се во некоја поудобна позиција.



Во оваа таканаречена „кралска“ поза мажот лежи на грбот, додека жената, која исто така лежи на грбот, ја држи својата глава на неговото рамо наместо на својата перница.

Толкувањето на поставеноста на нивните тела е: мажот е силниот, а жената сочувствителниот партнер во врската.

На многу двојки им е омилена оваа позиција која зборува за силна приврзаност и доверба. Ако спиењето на грб не Ви е удобро, легнете на стомак, така што Вашето тело ќе се преклопи со телото на Вашиот партнер. Не само што ќе спиете подобро, туку и ќе испратите слатка порака бидејќи така покажувате дека комплетното внимание Ви е насочено кон партнерот, па дури и кога спиете.

Ова е малку посложена верзија на „кралската“ поза бидејќи двајцата партнери во овој случај се прегрнуваат. Чувството е како да сте го добиле омилениот подарок, особено ако сте имале тежок ден.

Навистина заштитничка, оваа поза е буквално како некој да Ве згрижил под своето крило, а од душекот да направил удобно гнездо.
Но, нема потреба да чекате да се случи некаква криза за да ја практикувате оваа поза. Ниту пак мажот треба да е оној што секогаш ќе прегрнува бидејќи во секој случај оваа поза е удобна.

Исто така, одлична е заспивање додека гледате телевизија, без разлика кој го држи далечинскиот управувач.


Кога љубовта е „нова“, партнерите често ја жртвуваат удобноста на нивната омилена поза за задоволството на заедничкото спиење. По отприлика пет години двојките си дозволуваат малку повеќе простор и комфор во креветот. Често спијат поврзани, како „лажици“, со малку простор меѓу нив.

Емотивната поврзаност се покажува преку допирањето со рацете, колената или стапалата. Ова е еден начин да се задоволат две потреби – и онаа за простор и онаа за блискост. Исто така, на овој начин се намалува притисокот за секс.

Иако е полна со емоции, не се работи за сексуална поза. Но, сепак како да вели: иако сме на различни перници, можеш да ми се приближиш кога ќе посакаш....

Некои двојки не се доволно опуштени да воспостават директен физички контакт, па потребно им е „случајно“ допирање со стапалата или спонтано префрлање на ногата на едниот врз ногата на другиот.

Иако ваков случаен контакт би можел да значи несигурност во искажувањето на чувствата или нивно намерно задржување, сепак може да значи и здрав пријателски однос.

Најчесто секој има своја прекривка. Вкрстените нозе претставуваат меѓусебно познавање, удобност и сигурност. Вашата врска сигурно е цврста штом имате ваков физички контакт, без разлика на тоа дали претходела кавга или не.


Позите на спиење можат да ги рефлектираат случувањата во една врска. На пример, по кавга, можно е партнерот да Ви сврти грб и да се повлече на спротивната страна од креветот, како да бара време за смирување.

Сепак, понекогаш пораката на оној што се повлекува не е сосема јасна. Тој можеби сака Вие да го „бркате“. Нешто како покана да покажете заинтересираност.

Или можеби на Вашиот партнер му здодеало иницијативата да доаѓа секогаш од негова страна. Дека Ве повикува, ќе забележите и по тоа што тој „заборавил“ на прекривката. Во тој случај, тој Ве тестира дали и на Вас Ви е важна блискоста како и нему.

Но, не гледајте на начинот на спиење како на помина / падна тест. Научете добро да го читате телесниот говор на партнерот и не избрзувајте со заклучоците. Позите на спиење треба да Ви послужат како теми за разговор, а не како инстант хороскоп.

Колку е подолга врската, толку е поголема потребата за независно спиење. Партнерите си стануваат познати еден на друг и се намалува откривањето на нови нешта.

Tогаш се обновува чувството на индивидуалнот. За некои двојки тоа значи купување на нов поголем кревет што ќе ги задоволи потребите за простор на двајцата.

Други двојки пак наоѓаат компромис во Зен позицијата: допирањето со задниците претставува интимно поврзување кое не е наметливо.


Како два круга, кои се посебни, а сепак имаат пресек, оваа позиција е совршена дефиниција за независност.

Кога Вашиот партнер ненадејно ќе почне да се повлекува далеку на другата страна на креветот, сигурно неговиот свртен грб прави да се запрашате: дали е тоа одбивање? Треба ли да се запрашате?

Експертите велат дека нема добра или правилна положба на спиење за партнерите. Иако невообичаените промени можат да бидат знак за проблем, сепак најголемиот дел од врската е всушност справување со чувствата на другиот. Со други зборуви, наместо да се грижите, обидете се да видите што стои зад повлекувањето. Лутина? Тага? Нервоза?

Ако знаете дека Вашиот партнер поминува низ тежок период, дајте му простор бидејќи и Вие би го сакале истото кога би биле тажни, нервозни или кога едноставно би посакале да си ги средите мислите.

И размислете за следново: Можеби конечно е доволно опуштен за да признае дека повеќе би сакал убаво да се наспие отколку да се тркала со Вас или пак да Ве слуша како рчите и шкрипите со заби.

Можеби му е најудобно на својата страна од душекот. Ако ова прави да се чувствувате осамени, предложете му на партнерот барем малку пред да заспиете да бидете блиску и гушнати. Доколку сеуште чувствувате некаква оддалеченост, можеби е време за искрен разговор.

Дали Вие или Вашиот партнер спиете во многу специфична положба? Можеби половина од Вашето тело не се наоѓа на креветот (како да сакате да побегнете) или пак сте свртени со нозете нагоре (како да се движите во спротивна насока)?

Внимавајте: постои можност Вие или партнерот несвесно да посакувате да избегате еден од друг. Доколку постои сомнеж, разговарајте со партнерот или побарајте помош од стручно лице за она што се случува под површината на Вашата врска.


Но, доколку не постојат други знаци на незадоволство, на оваа чудна положба не и' придавајте важност на нуклеарна војна.


Доколку меѓу Вас нема борба за превласт и во текот на денот, не се вознемирувајте со толкувањето. Дури и кога седите на стол или кауч, не седите секогаш на ист начин. Некогаш ни е потребна нечија близина, некогаш едноставно сакаме да бидеме сами...а некогаш едноставно сме креативни во кревет.

Слични статии

Љубов и секс

повеќе...