За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Фенг Шуи во боја: Како боите околу нас влијаат на нашиот живот?

Кога го опремуваме својот стан, ги вклучуваме и различните елементи на сите луѓе кои живеат таму. Ова особено е изразено кога се работи за мебелот во спалните соби - и на возрасните и на децата - каде што сакаме да има хармонија со која ќе обезбедиме најефективен одмор.

Проверете која боја ќе Ви обезбеди благосостојба, а која енергија. Дали Ви е потребна поголема креативност или едноставно подобро здравје? Одлучете се виолетова, сина...

Фенг Шуи ја дефинира палетата на бои според петте елементи:

  • Вода = нијанси на сина и црна
  • Дрво = сите нијанси, освен зелена, светло сина
  • Оган = црвена, розова, виолетова
  • Земја = портокалова, жолта, сите кафени нијанси
  • Метал = бела, сива, сребрена, златна боја

Какво значење и влијание имаат боите?

Црна и индиго сина: интуииција, мистичност, дисциплина, разбирање...

Зрачат со правдина и сериозност. Во комбинација со другите бои, овие се борат со негативната ЧИ енергија. И двете влијаат врз развојот на кариерата, бидејќи тоа се бои на промените.

Сина: знаење, здравје, одлучност

Сината боја е поволна за медитирање бидејќи има смирувачо дејство. Доколку не сте ја примениле во спалната, можете да ја искористите во онаа соба каде што најмногу мислите.

Зелена: рамнотежа, љубов, самоконтрола

Боја на долг живот и виталност. На просторот му дава луксузност и свежина. Се применува за здрав живот.

Црвена:
виталност, смелост, самодоверба
Симболизира способност и вистина, а ја зајакнува и самодовербата. Тоа е боја на живот, среќа, благосостојба, величественост и верба. Применете ја во просторот кој сакате да го покажувате и кој е важен сегмент на Вашето секојдневие.

Розова: среќа, доверба, креативност, партнерство

Комбинацијата на бела и црвена прави еден простор да изгледа романтично. Со оваа боја можете да зајакнете партнерство.

Виолетова: убавина, креативност, инспирација

Нејзините карактеристики потсетуваат на црвената боја, така што комбинациите виолетова-црвена и виолетова – златна симболизираат изобилство. Создава благосостојба и секојдневен кралевски сјај во Вашата соба.

Портокалова: енергија, ентузијазам, среќа, вистина, креативност

Носи радост и за зајакнува волјата за живот. Таа е најдобриот емоционален поттикнувач и поврзувач.

Жолта:
мудрост, јасност, самопочитување

Оваа боја Ви дава чувство на важност и ред. Поврзана е со чесноста, трпеливоста, прифаќањето и сигурноста. Му дава хармонија на Вашиот дом и на Вашиот живот.

Кафена: сигурност, виталност

Симболизира рамнотежа помеѓу собата и луѓето. Се применува во простории како знак на моќ. Води кон среќа.

Бела: задоволство, чистота, вистина

Знак на духовност и чистота во еден простор. Дава повеќе креативност. Особено се препорачува за детски соби.

Сива: поврзување, самопомагање

Боја на поврзување и здружување. Испирација за патување и самопомагање.

Златна и сребрена: среќа, изобилство

Богатство и благосостојба се значењата на овие две бои. Треба да се применуваат во централниот дел на домот, низ целиот стан или на некои додатоци.

Слични статии

Алтернативно катче

повеќе...
Ви препорачуваме
Перница Мемосан

Перница Мемосан

Анатомската перница од мемори пена ви обезбедува потпора на вашиот ’рбет, врат и рамена без точки на притисок.

[ Повеќе ]