За побрзо закрепнување на децата пациенти
ЦРВЕН КРСТ ОБЕЗБЕДИ ДУШЕЦИ ЗА СПИЕЊЕ
Црвениот Крст на град Скопје, во соработка со Dormeo, обезбеди 20 душеци за спиење за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Институтот ги доби душеците на 4 Јуни 2008, а се наменети за децата пациенти на Одделот за астма и интензивна нега. Идејата за оваа акција доаѓа од огромната потреба за заменување на старите и дотраени душеци, кои на овој оддел се уште од 1965-тата година.
Токму затоа, Црвениот Крст на град Скопје и Dormeo обезбедија душеци изработени од најсовремени материјали со кои децата пациенти ќе добијат квалитетен и здрав сон, подобар болнички престој и побрзо закрепнување.
„Клинички, симптомите кај пациентите со алергии се најразлични, но генерално можеме да свиркаво дишење и тие кога ќе дојдат кај својот лекар се жалат дека неможат да земат воздух, кажеме најголемиот дел од пациентите се жалат од сува измачителна кашлица, отежнато дека ги гуши во градите и поради тоа бараат честа медицинска контрола.
Контролата на домашната средина е најважното решение за контролирање на проблемите кај пациентите со алергија.
Непходно е просториите во кои престојуваат и спијат пациентите со алергии да бидат доволно проветрени, осветлени, да нема прашина, да нема цвеќиња и многу е важно на каков душек и постелнина се спие.
Затоа на нашите пациенти им го препорачуваме душекот Дормео кој има Антистатик ефект кој спречува насобирање на прашина и има Актигард заштита што спречува размножување на дерматофагоидес и на тој начин им овозможува помирен сон.“ - изјави доктор Аце Додевски.
Новите душеци се ортопедски и анатомски обликувани, имаат памучни преслеки со импрегнирана Актигард заштита која штити од паразити и бактерии и токму затоа им се препорачуваат особено на оние кои страдаат од алергии и астма.
Дормео Комфорт душекот овозможува здраво и квалитетно спиење. Заради неговата уникатна структура, се приспособува на обликот на вашето тело, а покрај тоа ве штити од прашински грини, габички, бактерии и алергии.