Јогуртот може да се користи како пијалок, да се меша со овошје, мед и зеленчук, да се употребува во десерти, да се додава во салати и во сосови и многу повеќе... Резултатот е голем избор на нискокалорични јадења кои можат многу да Ви помогнат во деновите пред годишните одмори, кога посакувате да ги намалите килограмите.
Печени тиквички
Состојки:
Кромид - 1 главица
Маслиново масло - 2 лажици
Tиквички - 600 гр.
Оригано
2 Свежи домати
Конзервирана пченка - 200 гр.
Сол
Бибер
Безмасен јогурт - 200 мл.
Пармезан - 100 гр.
Подготовка:
Излупете го кромидот и исецкајте го.
Загрејте го маслииновото масло во тава и запржете го кромидот.
Измијте ги тиквичките и исецкајте ги во коцкички. Додадете ги во тавата.
Додадете оригано. Гответе го 10 мин.
Измијте ги доматите и додадете ги во тавата.
Додадете ја пченката, солта и биберот.
Измешајте и додадете ги тиквичките во тава за печење. Прелијте го јогуртот врз нив и додадете пармезан.
Свежа салата
Состојки:
3 свежи домати
2 пиперки
3 јајца
Половина главица кромид
Сол
Безмасен јогурт 0,5 л
Магдонос
Подготовка:
Измијте ги доматите и пиперките и исецкајте ги на мали коцки.
Jaјцата сварете ги (тврдо), излупете ги и исецкајте ги.
Излупете го кромидот и исецкајте го.
Ставете ги исецканите домати, пиперките и тврдо варените јајца во длабока чинија.
Измешајте ги јогуртот со магдоносот и прелијте врз зеленчукот.
Се меша целата салата и се остава во ладилникот некое време.
Печен пилешки стек со лимон, лук и сецкани бадеми
Состојки:
Пилешки гради - 600 гр.
2 лимона
Лук
Полумасен јогурт - 150 гр.
Сол
Бибер
Мајчина душица
Сецкани бадеми - 50 гр.
Подготовка:
Пресечете ги пилешките гради на 4 парчиња.
Истискајте еден лимон за да добиете сок. Одвојте го лукот во чешниња и излупете ги.
Измешајте едно истолчено чешне лук, лимонов сок, јогурт сол и бибер во сад. Ставете го месото во садот и нека стои 30 мин.
Исецкајте го другиот лимон.
Измачкајте ја тава со зејтин и ставете ги парчињата лимон и чешнињата од лук. Ставете ги пилешките гради и магдоносот врз нив.
Печете на 180 степени 15 мин и потоа додадете ги сецканите бадеми врз месото и печете уште 15 мин.