За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Значењето на Вашите соништа

Фасцинантен е фактот дека повеќето луѓе сонуваат соништа кои се повторуваат и се однесуваат на слични работи. Најчесто сонуваме како летаме, заби, како бегаме, се наоѓаме голи во јавност итн.

Зачудувачки е што луѓе со најразлично потекло и различни искуства сонуваат исти или слични соништа. Човечкиот мозок е способен да создаде огромен број на слики и да процесира безгранично количество на информации, но повторно имаме исти соништа. Овој факт не потсетува дека и покрај се, не се разликуваме многу едни од други.

Се соочуваме со слични стравови, искусуваме слични конфликти и надежи. Некои психолози дури тврдат дека соништата ги обединуваат човечките суштества.

Да се биде гол во јавност

Додека шетате по улица, или додека чекате автобус, одеднаш забележувате дека сте целосно голи - ова е еден од најчестите соништа.

Голотијата може да укажува на повеќе работи во зависност од моменталната состојба на лицето. Ваков сон не значи дека еден ден вие навистина ќе заборавите да се облечете пред да излезете, туку може да укажува на несигурност, страв од јавно изложување на дел од вашата личност или интимен живот, или страв од признавање на некој факт од кој ви е срам. Може да укажува и на тоа дека се плашите дека сте премногу транспарентна личност или дека некои скриени тајни ќе бидат обелоденети.

Голотијата е исто така симбол на недостаток на подготвеност за прифаќање на некој нов тек на работите, ново настаната ситуација. Ако на сон влезете голи во вашата канцеларија, може да значи дека не се чувствувате способни за некоја задача. Ако сонувате дека шетате голи наоколу, без никој да ве забележи, можно е да искусувате некои не основани стравови во животот.
Доколку сонувате дека сте голи во јавност а тоа воопшто не ве засега, може да биде знак за вашата безбедност и самодоверба.

Паѓање

Сонот во кој паѓате, укажува на загуба на емоционалната рамнотежа и самоконтрола. Може да ја претставува вашата несигурност, недостаток на самодоверба, страв од неуспех или неспособност да се справите со некоја ситуација.

Паѓањето во бесконечна празнина може да значи дека сте изгубиле контрола врз работите во животот, или ја покажува вашата фрустрација поради неуспешните обиди било во приватниот живот или на работа.

Фројд ги толкувал соништата на слободно паѓање како неисполнети сексуални желби.

Душек

Ако сонувате душек или кревет, можно е да се соочите со нови обврски во блиска иднина кои од вас ќе бараат целосна посветеност од ваша страна. Ако сонувате како спиете на нов душек значи дека сте задоволни и среќни со тоа како работите функционираат во ваша полза.

Заби

Сонот во кој ни испаѓаат забите е ужасен и најчесто се врежува длабоко во нашата меморија.

Сонувањето на заби може да укажува дека се плашите да не биде засрамени во одредена ситуација, или дека сте преокупирани со тоа како другите го прифаќаат вашиот изглед. Можно е да се чувствувате и подредени или нееднакви во одредена ситуација.

Античките Грци верувале дека да се сонуваат заби значи смрт на член од семејството, а Кинезите верувале дека ако лажете ќе Ви паднат.

Летање

Сонот во кој летате е од онаа категорија соништа во кои сте свесни дека се работи само за сон. Кога сонувате дека лебдите, набљудувате се од висина, значи дека многу добро се справувате со животните ситуации, дека ја имате контролата и дека можеби сте постигнале повисоко ниво на самосвест или успех во кариерата.

Ако можете да го контролирате летањето, ова покажува висок степен на самодоверба и сигурност. Ако имате тешкотии при летањето, или пак Ви е многу тешко да се одржувате во воздух, укажува на недостаток на контрола врз приватниот живот.

Дрвја, планини, куќи и други предмети кои го попречуваат вашиот лет, ги претставуваат препреките во животот или некоја личност која ве задржува. Треба да откриете кој или што е причината за тоа, и да продолжите понатаму да напредувате. Ако се плашите од летање или од летање високо, може да значи дека се плашите од нови искуства или предизвици.

Љубов

Да се сонува за љубов или да се биде вљубен на сон укажува на интензивните чувства кои ги имате кон партнерот во вистинскиот живот.
Од друга страна пак, може да означува на недостаток на љубов во Вашиот живот или фрустрација од моменталната врска. Сон за некој вљубен пар укажува на голем успех во блиска иднина.

Ѓавол

Ѓаволот може да ја претставува вашата темна страна, вашето чувство на вина за нешто што сте сториле. Исто така симболизира интелигенција, лукавост и подмолност. Ако се борите со ѓаволот и победите, значи дека ќе надминете некои пречки или луѓе кои ви стоеле на патот. Да се разговара со ѓаволот значи дека ќе имате тешкотии да одолеете на некое искушение кое претставува неволја. Да се сонува ѓавол може да значи дека барате одговори на некои прашања од етичка природа или пак барате решенија кога се соочувате со искушенија.

Телефонски број

Телефонски број во вашиот сон укажува дека ви е потребна помош. Ако не можете да најдете или да се сетите на нечиј број, може да значи дека треба да станете по независни, по одговорни и личност од доверба.

Змија

Змијата најчесто означува проблеми или некои скриени стравови. Да се сонува змија значи проблеми за кои сеуште не сте целосно свесни, исто така може да претставува некоја злобна личност која е не искрена и на која не треба да и се верува. Змијата исто така може да биде многу позитивен симбол на промена, знаење и мудрост.

Слични статии

Алтернативно катче

повеќе...
Ви препорачуваме
Перница Мемосан

Перница Мемосан

Анатомската перница од мемори пена ви обезбедува потпора на вашиот ’рбет, врат и рамена без точки на притисок.

[ Повеќе ]