|
Проблемите со спиењето се најчесто резултат на лошите навики за спиење, кои со време стануваат важен дел од нашиот живот. За подобар сон, потребно е да се замаат во предвид неколку правила и да се заземе правилен став кон спиењето.
Слушајте го внатрешниот часовник кој ги регулира циклусите на спиење и будност.
Овој 24 часовен психолошки часовник ги надгледува физичките процеси и функции, како што се телесната температура или мозочните бранови. За добар сон потребно е да живееме и функционираме според овој часовник.
Неколку совети:
- Секој ден будете се во исто време. Постепено, оваа рутина ќе го намести вашиот внатрешниот часовник и со време ќе почнете да чувствувате замор секогаш во исто време.
- Не се обидувајте да му се спротивставите на заморот. Одете на спиење секогаш кога вашето тело е подготвено за спиење.
- Не си легнувајте доколку не сте изморени. Ова може да создаде лоша навика како што е лежење во кревет и празно гледање во таванот. Креветот секогаш треба да ви биде асоцијација за спиење.
Променете ја средината во која спиете. Попријатна, комфорна,темна и тивка просторија може да биде прв чекор до добар сон.
- Бидете сигурни дека го имате вистинскиот душек; не треба да биде премногу тврд, но не треба да биде и премногу мек.
- Температурата во собата треба да биде пријатна.
- Користете го вашиот кревет само за спиење и за секс. Зборувањето на телефон, гледањето телевизија, читањето итн., ќе го поврзат вашиот кревет со други активности.
Понастрана од апчињата за спиење. Некои луѓе земаат апчиња за спиење за кои сметаат дека ќе им помогнат за подобро да заспијат, но всушност го постигнуваат спротивниот ефект.
- Многу луѓе веруваат дека цигарите им помагаат да се релаксираат, но напротив, никотинот е стимуланс кој прави да останете будни.
- Алкохолот ја забавува работата на нашиот нервен систем. Може да ви помогне да заспиете, но алкохолот може да го наруши вашиот сон во текот на ноќта, така што утрото ќе се разбудите уморни и ќе имате главоболка.
- Страничните ефекти од земање на апчиња за спиење се манифестираат во форма на замор во текот на денот. Кога е невозможно да се открие причината за несоницата и по долготрајно земање на апчиња за спиење, станува невозможно да се заспие без нив. Тие можат да бидат краткорочно решение, но мора да се консултирате со доктор пред да почнете да ги употребувате.
Опуштете се. Проблемите со спиењето најчесто се јавуваат поради стрес. Ако сте преокупирани со проблемите, одвојте 30 минути пред спиење за релаксација.
Обидете се да ги опуштите сите мускули, започнете со ножните прсти и завршете со челото. Обидете се да го замислите совршеното место на кое можете да се релаксирате и да се одморите.
|