За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
10 совети за полесно помнење на соновите

Сите сонуваме! Секое нормално ноќно спиење (освен кога е предизвикано од лекарства, конзумирање на алкохол и сл.) подразбира околу час и половина активно сонување, кое се случува во РЕМ фазата во која влегуваме 4 до 7 пати во текот на ноќта.

Но, не секогаш можеме да запомниме дали и што сме сонувале, а така ги пропуштаме и пораките кои ги добиваме од соновите. Затоа, треба да се потрудиме да ги запомниме, а потоа и да им го откриеме значењето на соновите.

Доколку се одлучите да ги следите своите сонови, еве неколку совети за полесно помнење:

  1. Подгответе се! Поставете пенкало и тетратка покрај креветот и означете ја страната со утрешната дата пред да заспиете. Освен тетратка за запишување, можете да користите и диктафон или мобилен телефон со опција за снимање на глас.
  2. Визуелизација! Пред да заспиете замислете си дека ќе сонувате и кога ќе станете - дека ќе се сеќавате на тоа што сте го сонувале. Така, и Вашата свест и Вашата потсвест ќе „бидат подготвени“ за помнење на соновите.
  3. Запишувајте / снимајте веднаш! Доколку се разбудите сред ноќ, а сте сонувале нешто, веднаш запишете/снимете што сте сонувале. Ако пак ова Ви е тешко, потрудете се барем неколку пати да си го повторите сонот прад повторно да заспиете. Но, запомнете - соништата се минливи и треба да ги забележите што поскоро.
  4. Будете се полека. Разбудете се природно, без аларм. Доколку морате да се будите со аларм, пробајте тоа да биде некоја тивка мелодија наместо сирена. Потрудете се да го исклучите веднаш или ставете го некаде каде што нема да Ви го одвлекува вниманието од запомнување на соновите.
  5. Прво помислете на сонот. По будењето, помислете на она што сте го сонувале, наместо да мислите за дневните обврски. Доколку почнете со планирање на останати активности, шансите да ги запомните соновите се многу мали.
  6. Останете поспани. Останете полу – будни, полу – заспани, колку што можете повеќе. Држете ги очите затворени и лежете во Вашата најдобра положба за спиење.
  7. Запишувајте. Напишете нешто во Вашиот дневник секое утро, иако не се сеќавате на сонот. Напишете ги чувствата, емоциите, фразите, сликите или стилот на музика кој прв ви паѓа напамет откако ќе се разбудите. Овие нејасни фрагменти понекогаш се делови од Вашите соништа.
  8. Сите сонови си важни. Не го отфрлајте или заборавајте сонот доколку е бесмислен или глупав. Секој сон има значење и дури и со некој најмал фрагмент може да Ви даде значајна порака.
  9. Обидете се да заспивате природно. Избегнувајте да заспивате пред телевизорот или под дејство на лекарства за заспивање, средства за смирување и сл. бидејќи на тој начин не го добивате квалитетниот одмор, како и природниот сон.
  10. Вежбајте помнење на сонови. Колку повеќе се присетувате на соновите и ги запишувате, толку полесно и поприродно ќе ги помните.
Слични статии

Алтернативно катче

повеќе...
Ви препорачуваме
Перница Мемосан

Перница Мемосан

Анатомската перница од мемори пена ви обезбедува потпора на вашиот ’рбет, врат и рамена без точки на притисок.

[ Повеќе ]