КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

100% безбедно купување

Заштитата на личните податоци на нашите купувачи е многу важна за нашата компанија.

Сите интернет активности на Студио Модерна кореспондираат со европските закони (EU Directive 95/46/EC, 2002/58/EC and Treaty Conventions ETS 108, ETS 181, ETS 185, ETS 189) и локалните закони на земјите од Централна и Источна Европа.

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Студио Модерна не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате за е-магазинот.

Употреба и чување на личните податоци

Студио Модерна ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за технички поптреби за интернет страната, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Студио Модерна ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. вработените во Студио Модерна се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Слобода на изборот

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Студио Модерна. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на Студио Модерна, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет страната. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот магазин така што ќе ни напишат на unsubscribe@studio-moderna.com.

Автоматски снимени податоци (не-лични податоци)

Кога ќе се вклучите на интернет страната на Студио Модерна, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет страна и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на Студио Модерна. Студио Модерна ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет страна.

Безбедност

Студио Модерна се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.

Малолетници

Студио Модерна им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Студио Модерна без дозвола од нивните родители или старатели. Студио Модерна никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

Врски со други интернет страни

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални Космодиск страни хостирани од Студио Модерна и сите нејзини филијали во Централна и Источна Европа. Интернет страните под оваа страна може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Студио Модерна, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на Студио Модерна, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страна.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте го нашиот претставник.

Студио Модерна, ул: „Костурски Херои“ 38, 1000 Скопје, Тел.02/ 3094-500

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена: Март 2016