Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Fresh Prima Душек

Fresh Prima Душек
Photos
  • Видеа
  • Слики
Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек Fresh Prima Душек
-15%
Fresh Prima Душек

SKU: 99-1000069278

Високо квалитетен душек со 3 зони кој ќе ви даде неверојатна поддршка. 2 см мемори пена во навлаката која совршено се прилагодува на телото.

* Задолжителни полиња

Редовна цена: 16.990,00 ден.


Специјална цена: 14.441,50 ден.

Јавете ни се на 02 3094-552
Детали за производот

Високо квалитетен душек со 3 зони кој ќе ви даде неверојатна поддршка. 2 см мемори пена во навлаката која совршено се прилагодува на телото.

  • Ниво на цврстина: душекот не е цврст, не е мек, туку ви дава соодветна поддршка. Оние кои спијат на страна и на грб ќе го обожаваат.
  • Свежина: специјален систем за проветрување кој нуди постојан проток на воздух.
  • Вкупна висина: 18 см. Висината на јадрото е 16 см, а во навлаката има 2 см мемори пена за поголема удобност.
  • 3 зони на удобност за максимална поддршка на различни делови од телото.
  • Навлака која се вади и пере за здрава и чиста средина за спиење без бактерии, прашински грини и непријатни миризби.
  • Антибактериска и антиалергиска заштита, соодветен за луѓе кои имаат проблеми со астма или алергии.
  • 30 дневен тест период и 15 години гаранција.
  • Пакување: вакуумски спакуван.
  • Можност за плаќање на рати.

Совршена цврстина и совршена свежина

Душекот е изработен од комбинација на материјали кои му даваат соодветна поддршка на грбот - за совршена цврстина и материјали кои му овозможуваат на вашето тело да дише - за совршена свежина. Двата слоја на Eкоцел® пена нудат одлична удобност во текот на спиењето и се прилагодуваат на телото. Наградуваната Октаспринг технологија која се прилагодува и движи заедно со вашето тело се срцето на овој душек. Екоцел® пената и специјалниот систем на проветреност на Октаспринг® нуди постојан проток на воздух и вашата средина за спиење ќе биде свежа секоја ноќ. Благодарение на специјалната структура нема пренесување на движењето преку душекот. Душекот е соодветен за лица со телесна тежина до 140 кг.

Антибактериска и антиалергиска заштита со навлака која се пере

Луксузната мемори пена во навлаката совршено ќе се прилагоди на вашето тело. Таа е исклучитело хигиенска. Во меката ткаенина има вткаени посребрени влакна кои се третирани со CleanEffect® Silver третман. Тој совршено ги одбива прашинските грини и спречува појава на бактерии и непријатни миризби. Навлаката лесно се вади па вие ќе може да ја перете кога и да посакате.

30 дневен тест период и 15 години гаранција

Ние Ви даваме 30 дневен тест период. Купете го душекот, пробајте го и доколку не Ви се допадне ние ќе ви ги вратиме парите без да поставуваме дополнителни прашања. Душекот Фреш Прима има гаранција од 15 години.

Фреш Прима душекот е изработен од високо квалитетни материјали кои се споени за да ви пружат максимална средина за спиење:

  1. Во ткаенината на навлаката има втакено посребрени влакна и самата ткаенина е третирана со CleanEffect® Silver третман за да ви обезбеди свежина и антибактериска заштита.
  2. 2 см мемори пена која совршено ќе се прилагоди на вашето тело за мека поддршка.
  3. Екоцел® пена за максимална поддршка и удобност.
  4. Октаспринг® технологија со 3D приспособливост – сите Октаспринг пружини се движат независно една од друга, па така душекот е цврст, но флексибилен за максимална удобност.
  5. Душекот има 4 рачки со кои ќе може лесно да го кренете душекот и да го пренесете.

4 лесни чекори за отпакување и поставување на душекот

  • Внимателно исечете ја надворешната кеса и внимавајте да не ја исечете и пластичната кеса од душекот. Се препорачува да не користите нож.

  • Одмотајте го душекот на креветот.

  • Внимателно исечете ја кесата по рабовите и гледајте како душекот полека се крева. Извадете ја кесата.

  • Оставете го душекот 6 часа да се формира.

Дормео Фреш Прима душекот се препорачува за:

  • сите кои сакаат душек кој нуди одлична поддршка,
  • сите кои сакаат ергономски душек кој ќе му даде одлична поддршка на грбот, ‘рбетот, главата, вратот и други делови од телото,
  • сите кои сакаат душек со анти-бактериска заштита и душек кој ја спречува појавата на прашински грини и за лица кои се склони на алергии,
  • млади деца поради природните придобивки на среброто и добрата поддршка,
  • лица со телесна тежина над 140 кг.
Технички карактеристики
Јадро Слоеви од пена: полиуретанска пена (Ecocell®), Слој со пружини: 100% полиуретански пружини (Ecocell®)
Анти-бактериски третман Да
Висина 18 cm
Гаранција 15 години
Дормео линија Vitality
Дормео програма спиење
Зони на јадро 3
Материјал Ecocell®, Octaspring пружини/Пружини од пена, Мемори пена
Мемори пена Да
Навлака Материјал: 96% полиестер, 3% памук, 1 % памук (посребрени влакна)
Навлака која се пере Да
Цврстина Средно тврд

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

 
1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star
Оценка