|
Денес не може да се донесе одлука без да се земат во предвид последиците кои таа одлука може да ги има врз околината. Проблемите поврзани со брзите климатски промени, загадувањето со јаглерод, незавидната положба во која се наоѓа природата не тераат добро да размислиме пред да купиме храна, автомобил, авионска карта или облека. И, се чини дека свесноста за локалното и глобалното влијание сè повеќе расте. Па така:
- „Зелената“ мода е сè попопуларна на запад.
- Големите модни куќи и новите компании преферираат ткаенини кои не оставаат никакви последици врз околината.
Како се вклопува мерино волната во сето ова?
Стремежот кон еколошки производи отвара многу можности за развојот на глобалната текстилна индустрија, како и на одгледувачите на овци за волна. По огромниот развој на потрошувачкото општество, активните и информирани купувачи инсистираат на поголем интегритет и автентичност на производите кои ги купуваат.
Австралиската Мерино волна која се користи при производство на мерино производите на Дормео, е целосно природна, биоразградлива, одржлива и автентична, со што претставува етички и еколошки избор за купувачите.
Природна австралиска мерино волна: подарок од природата
Мерино волната претставува сплет од природни влакна кои по милиони години еволуција успеале да создадат најефикасна заштита, во секое годишно време.
Природата ја создала мерино волната како заштита од ветер, дожд и, кога станува збор за Австралија, големи разлики во температурата - од многу жешки лета до екстремно ладни зими.
Ниту една вештачка ткаенина не може да ја има природната комбинација на предности со кои располага мерино волната.
Природна
- Австралиската Мерино волна поседува одлични природни карактеристики.
- Таа претставува обновлив, биоразградлив протеин.
- Во преработката на австралиската Мерино волна се користи многу мало количество на хемикалии, или воопшто и не се користи.
- Малото количество на хемикалии кои се користат во растењето на волната е со цел да се подобри здравјето на животното.
Биоразградлива
- Австралиската мерино волна е неверојатно долготрајна, таа се разградува на своите компоненти од кои е всушност и создадена.
- Природното влакно е направено од протеини слични на оние кои ги има во човечката коса.
- Волната лесно се разложува во земја, за разлика од синтетиката како што е полипропиленот на кој му се потребни повеќе од 1000 години за целосно да се распадне.
Одржлива
- Мерино волната е одржлив ресурс.
- Секоја година овцата ја обновува својата волна која се отстранува од животното без истото да биде повредено.
- Мерино волната е направена од едноставна комбинација на сончева светлина, вода и трева.
За мерино производите од програмата на Дормео секогаш можете да бидете сигурни дека се вистински добар, еколошки избор.
|