За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Црвена спална соба...повеќе секс?

Спалната соба е првото и последното место што го гледате секој ден. Тоа е ваш приватен храм во кој вие поминувате скоро една третина од животот, засолниште во кое бегате од вревата во светот. Кога ги избирате боите за вашата спална соба, направете топла комбинација која ќе ве релаксира и смирува.

Изберете боја која ќе Ве успие

Избирањето на вистинската боја за вашата спална соба може да биде многу стресно бидејќи огромниот избор на бои ја отежнува одлуката. Мало парче хартија во боја од продавница не е од голема помош кога сакате да направите проценка за тоа каков ефект избраната боја ќе има во вашата спална соба. Кога почнувате со бојадисување на ѕидовите, мора да имате јасна слика, со цел да го видите конечниот резултат.


Многу луѓе се разочарани по завршување на бојадисувањето, или нијансата е премногу светла, или е премногу темна, не одговара на мебелот...а бидејќи повеќето од луѓето не се одлучуваат за нова боја поради тоа што е скапо и одзема многу време, остануваат заглавени со несаканата боја во следните неколку години.

Следниве резултати ќе ви помогнат да изберете правилна нијанса, бидејќи бојата има важно влијание врз вашето расположение и перцепцијата на собата.

1. Проценете ја големината на собата

Мала соба бојадисана со темни нијанси ќе изгледа уште помала, па затоа одберете светли бои. Ова ќе направи собата да изгледа поголема.
Ако собата е голема, имате поголем избор на бои. Користете живи и светли бои, бидејќи ова ќе и даде на собата отворен и просторен изглед.

2. Одберете ја вашата боја од виножитото

Спалната соба е вашето совршено место за одмор и релаксација, поради што боите мора да бидат топли. И покрај тоа што темните и драматични бои можат да бидат многу убави, ви препорачуваме топли и релаксирачки бои.

Бледи нијанси

Бледите нијанси се релаксирачки, смирувачки и топли, што ги прави совршени за спиење и релаксација.

Ладни нијанси

Ладните нијанси, како на пример сината, зелената и сивата се одлични за мирен сон, бидејќи имаат релаксирачки ефект и даваат чувство на мир и тишина.

Топли нијанси

Иако најчесто се препорачуваат ладните нијанси, исто така можете да се одлучите за топли нијанси, само во случај ако знаете правилно да ги употребите. Употребете светло жолта, праска или нежно розева боја, со цел да создадете топла атмосфера во спалната соба.

Неутрални нијанси

Неутралните бои се многу добар избор за спална соба, бидејќи се многу релаксирачки и елегантни. Ако се одлучите за неутрални, имате многу повеќе избор за собна декорација со перници, слики, постелнина, итн.
Употребете темно црвена, виолетова или сина боја, бидејќи највеќе одговараат со неутралната. Ако ви здосади од бојата, едноставно променете ја декорацијата, а не бојата на ѕидовите.

3. Ограничете го бројот на бои

Ако сакате да имате пријатна спална соба, не користете повеќе од 4 различни бои. Најдобро е да преовладува една боја, а другите три да ја надополнуваат. Овие бои исто така ја вклучуваат бојата на мебелот, постелнината и другите декорации.

4. Изглед

Бојата на таванот е многу важна, затоа што може драстично да ја зголеми собата или да направи да изгледа помала. Ако го бојадисате таванот бел, собата ќе изгледа повисока, а ако го бојадисате со иста боја како во останатиот дел од собата, собата ќе изгледа поголема – направете го таванот небесно сина или светло жолта да создадете подраматичен изглед.

Слични статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...