За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Ексклузивно: Гоца Тржан

Дормео го пронајдов на Интернет

Дормео: Неодамна станавте мајка. Накој начин мајчинството ве промени и која е најважната порака што сакате да и ја пренесете на Лена како родител?

Гоца: Мислам дека онаа желба во мене што би сакала да и ја пренесам како родител, зрее и ќе зрее со годините, кога ќе можам со неа да комуницирам на еден возрасен начин...таа е сè уште мала. Се трудам од мала да ја научам да биде цврста, да биде издржлива - мал спартанец, на сè да се навикне лесно... да може да се снајде во сите услови и да не биде кенкава.

Да биде цврста - бидејќи и јас во животот сум многу цврста и сум голем борец. Мислам дека секоја жена во животот мора да научи да биде борец и да се бори за себе. Тоа би сакала да и` го пренесам. Да не биде размазена во тој смисол животот да проaѓа покрај неа, да мора да учествува во животот, да се бори за секој ден од својот живот.

А мене мајчинството ме промени, како и секоја жена која родила, која тоа го сакала вистински и искрено. Ме промени во тој смисол дека и кога возам и кога работам било што, го правам тоа многу посовесно затоа што сега имам одговорност... Сега сум одговорна не само кон себе, туку и кон моето дете, да бидам жива и здрава и одморена и да бидам добра за неа, да бидам во најдоброто можно светло пред неа, да има најголема можна корист од мене.

Дормео: Како, со неколку зборови, би го дефинирале својот животен стил и која е вашата животна девиза?

Гоца: Јас живеам спортски живот, живеам еден онака опуштен... мислам многу опуштено живеам. Не знам дали имам девиза... едноставно живеам според моите желби... Сакам да ме оставам на мир - да го живеам животот на начин на кој јас сакам.

Дефинитивно сфатив дека на луѓето околу мене, а и генерално, тешко им е да ги прифатат и многу се плашат од оние луѓе кои се поинакви и кои се всушност онакви какви што навистина се.
Јас сум секогаш онаква каква што всушност сум, кај мене нема фолирање, нема никакви калкулации и сè што правам - не го пресметувам. Го зборувам она што навистина го мислам... Едноставно, мислам дека во животот мора да бидете најпрво искрени кон себе, а од таа искреност доаѓа искреноста кон другите луѓе.

Мене во животот ми било многу пати тешко, не е лесно да се гради кариера на овие простори и да се биде популарен. Меѓутоа, ако тоа го сфатите како професија - тогаш ви е многу полесно. Кога ќе дојдам дома, јас сум мајка на моето девојче, сопруга на мојот маж и газдарица на мојот мачор и мислам - добра пријателка... а само на сцената сум Гоца Тржан и тоа луѓето би требало да го сфатат. Иако и таму го зборувам она што го мислам.

Дормео: Подолго од десет години песните ви се на врвот, но сепак, која ви е најдрага и за која би можеле да кажете дека Ве отсликува Вас лично?

Гоца: Неколку песни ме отсликуваат. Генерално, јас сум жена која има... не многу лица, бидејќи тоа кога е некој дволичен има сосема поинакво значење... Јас имам многу интереси и имам многу интересен живот, така што секоја песна во некој сегмент личи на мене. Да кажеме дека „Хаљина“ (фустан) најдобро ги отсликува моите емоции, мојот сензибилитет, песната „Загрљај“ (прегратка), како и „Стоперка“ која е темпераментна, а во исто време и тажна... Јас сум всушност - да, тоа - јас сум всушност во исто време многу темпераментна и весела, но некаде во позадина можда многу тажна.

Дормео: Што сте во хороскоп?

Гоца: Дупли Рак.

Дормео: За читателите на Дормео веб- страницата Гоца Тржан би порачала... ?

Гоца: Па знаете што... јас уште на самиот почеток кажувам дека не сум некој голем фан на купувањето преку ТВ, но морам да признаам дека кога отидов во вашата продавница - да го видам она што се рекламира - дека пријатно ме изненади квалитетот. Значи, обично не го очекувам тој квалитет од производите кои се продаваат на тој начин, но, што се однесува на вас, не сум била во право.

Бев навистина пријатно изненадена кога ја посетив продавницата... Добро распрашајте се и добро прегледајте на Интернет - јас ете на тој начин одлучив да ја купам Дормео програмата. Погледнете добро и, секако, најпрво одлучете дали нешто ви треба кога купувате (смеење).

Дормео: Како со неколку зборови би го опишале Дормео?

Гоца: Кога ќе кажам Дормео програма - не мислам само на душек. Дормео програмата подразбира и задолжителна перница! Бидејќи ако спиете само на душек, а со некоја перница која не ви го потпира добро вратот - нема смисла! Дормео програмата е наједноставно речено - еднаква на добар сон...

Значи, она што можам секогаш да го кажам е дека јас секогаш спијам добро и секогаш кога ќе легнам ми треба многу кратко за да заспијам... тоа можеби не е добро за бракот (смеење)... ама е фантастично за сонот - да заспиете во секундата кога главата ќе ви падне на перницата. Тоа е моја сугестија - ако сакате добро да спиете, спијте на Дормео!

Слични статии

Булевар

повеќе...
Ви препорачуваме
Дормео Комфорт душек

Дормео Комфорт душек

Дормео Комфорт душекот овозможува здраво и квалитетно спиење. Заради неговата уникатна структура, се приспособува на обликот на вашето тело, а покрај тоа ве штити од прашински грини, габички, бактерии и алергии.

[ Повеќе ]
Дормео Фреш

Дормео Фреш

Навлажнувач, прочистувач, јонизатор и освежувач на воздухот - Дормео Фреш!

[ Повеќе ]
2x Перница Мемосан

2x Перница Мемосан

Дормео Мемосан е анатомска перница од мемори пена.

Резервирајте 2 перници и заштедете!

[ Повеќе ]