• dormeo
    dormeo
  • dormeo
    dormeo
  • dormeo
    dormeo
   

Спиј како херој!

Ова не е приказна за измислени херои, туку за херои од секојдневието кои живеат меѓу нас.

Разбуди се како херој / Живеј како херој

#dormeoheroi

Кои се хероите од секојдневието?

Сигурни сме дека имаш барем еден херој во твојот живот. Вистинските херои се обични луѓе кои имаат храброст и сила да ги следат своите соништа. Тие се луѓе кои се жртвуваат за општото добро. Луѓе кои нè поддржуваат а во исто време нè инсприраат со својата дарежливост, храброст и добрина.

Ние во Дормео навистина ги цениме луѓето кои го прават светот подобро место. Но, дури и хероите не можат да бидат толку успешни и силни, без добро да се наспијат. Ова е вистинската причина поради која ние, дизајниравме специјална колекција за херои. Сакаме да имате супер сон, не само добар сон. Скромноста настрана, сакамe да придонесеме на заедницата на херои, бидејќи после сè, кога спиеш како херој, можеш да го освоиш светот, да ги победиш предизвиците и да ги оствариш твоите соништа.

Ги повикуваме сите херои

Сигурно постои некој во твојот живот кој секогаш е тука за тебе, те поддржува да ги оствариш твоите соништа и желби. Со него или неа, сите проблеми имаат решение и секој сон може да се оствари.

Нашите херои живеат околу нас. Само треба да ги препознаеме. Кажи ни, кој те инспирира најмногу, кој е секогаш покрај тебе, кој е твојот херој?

Совети како да станеш херој

За нашата кампања

Ние во Дормео веруваме дека на светот му се потребни повеќе херои. Не измислени и не такви што носат маски и наметки и имаат супер-моќи. На светот му се потребни луѓе кои се храбри и силни и се грижат за општото добро. Бидејќи вистинските херои се тие кои секојдневно се соочуваат со предизвици и ги следат своите соништа. За да ги живееш твоите соништа, Dormeo Hero производите ќе ти го овозможат сонот кој ти е потребен.

Погледнете ги нашите Hero производи

Дормео

Студио Модерна дооел Скопје

© Студио Модерна 2018