|
Најверојатно сте забележале дека поради одредена храна не можете да заспиете, додека пак, некогаш спиете како бебе.
Доколку кафето не е причина за Вашата несоница, тогаш прочитајте која храна треба да ја избегнувате, а која да ја конзумирате почесто ако сакате да спиете добро и длабоко.
Чаша млеко со мед: рецепт од Вашата баба
Сите ние знаеме дека е добро да се пие млеко пред да се легне, затоа што помага полесно да заспиете. А, дали знаете зошто? Млечните производи соджат природна амино киселина (триптофан), којшто претставува природен и благ лек за смирување. Може да се најде во бананите, овесот и медот.
Подлегнувате на желбата за сахаридите – барем парченце...
Сахаридите не се нешто од што треба да се плашите, посебно ако сакате да заспиете. Во комбинација со млечните производи, тие го зголемуваат нивото на амино киселини во крвта, поради што Ви препорачуваме да јадете нешто од наведената ужинка:
- чаша житарки со млеко,
- двопек и јогурт,
- леб со сирење.
Но, избегнувајте сахариди со високо количество на шеќер, затоа што ќе Ви го зголемат нивото на шеќер во крвта, а тоа ќе го наруши Вашиот сон.
Имајте мал, но вкусен оброк
Ако се борите против несоницата, не легнувајте гладни. Мала ужинка ќе Ви помогне да заспиете, но не препуштајте се на вечерна гозба.
Не јадете хамбургери и масни пецива
Всушност, нема потреба да Ви наведуваме друга причина заради која треба да ја избегнувате масната храна, освен напомената дека многу масти во текот на денот соодвестуваат на нарушувања на добриот сон.
Внимавајте на сокриениот кофеин
Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин, така што чаша кафе после 14 часот, им го брка сонот најмалку до 3 часот наутро. Ако сте едни од овие луѓе, бидете внимателни на сите скриени извори на кофеин во:
- чоколадото,
- црниот чај,
- кока кола и слични пијалоци,
- безкофеинското кафе (не е целосно без кофеин или функционира како плацебо – автосугестивен лек без активна супстанца),
- лекови со кофеин (пр. против настинка, додатици во исхраната, диуретици).
Алкохол пред легнување: погрешен лек
Алкохолот пред спиење на извесен начин помага да заспиете, посебно ако сте испиле повеќе. Но, алкохолот Ви прави лоша услуга: ќе Ви помогне да заспиете, но додека спиете:
- постојано ќе се будите,
- ќе имате неспокоен сон,
- ќе имате кошмари,
- ќе имате главоболки додека спиете,
- поприлично ќе се потите.
Внимавајте на зачинетата храна
Ако јадете зачинета храна попладне или навечер, дигестивниот систем нема да биде во можност да ја преработи пред да заспиете. Ќе лежете во кревет и зачинетата храна мачно ќе се превртува во стомакот.
Ова може да предизвика киселина, па дури и враќање на храната во стомакот и назад до хранопроводникот.
Ако не можете да ú одолеете на зачинетата храна, барем јадете ја 4 часа пред да си легнете.
Времето за пиење е во текот на денот, а не навечер
Пиење доволно течности во текот на денот е одлично за Вашето тело, но уништувачко навечер. Нема ништо полошо од тоа да се разбудите навечер, и повторно да си легнете. Не пијте ништо после 20 часот.
|