За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Овошјето што го јадете кажува кои сте

Сакате ли овошје? Миризливи порции со овошје, свежо овошје, сушено, замрзнато, слатко, божествено овошје? Дали исто така сте среќни, витални и креативни? Дали верувате дека овие работи се меѓусебно поврзани? Храната има поголемо влијание врз вашето размислување. Храната содржи симболично значење, што го открива вашиот карактер.

Овошје, еликсир на живот

Овошјето симболизира страст, плодност, богатство и среќа во животот. Љубителите на овошје создаваат нов живот, виталност, креативност со секој залак, што ги прави среќни, витални и креативни. Овие предности ги користат на работа, каде обично се успешни (само ако не се премногу мрзливи), а покрај ова, тие се пријатни и лојални партнери.

Секое овошје посебно истакнува различни особини на човечкиот карактер. Изберете го вашето омилено овошје и видете што тоа вели за вас:

Јагоди

Оние кои што сакаат јагоди се искрени во разговорот и добри слушатели, но им недостасува хумор во животот, што е причината поради која изгледаат сериозно. Мажите брзо се заљубуваат и влегуваат во врска, додека жените се понеодлучни и го бараат вистинскиот партнер подолго време.

Јаболки

Ако сте љубители на јаболки, вие веројатно се држите до старомодните животни идеи и сте брзи, агилни и полни со енергија кога станува збор за работа. Луѓето ве искористуваат бидејќи сте премногу добродушни и доверливи, и покрај тоа што се обидувате да се прикажете како самосвесна личност на површината. Прилично сте внимателни кога станува збор за љубовта и имате проблем при впуштањето во емоционална врска.

Праски

Оние кои што сакаат праски, имаат високи критериуми при селектирањето на пријатели, но штом ќе ги изберат, остануваат лојални. Тие имаат барања во љубовта, но се добри брачни партнери и одговорни родители. Ако бизнис светот им понуди можност да ги покажат своите способности и притоа им помага, можат да бидат многу успешни во својата професија.

Кајсии

Ако го сакате ова миризливо овошје, вие имате добро чувство за бизнис. Бидејќи сте многу дружељубиви и имате добри комуникациски способности, често се наоѓате на водечка позиција во група и секогаш сте опкружени со пријатели. Вашиот партнер секогаш го ставате на високо место во животот, поради што никогаш немате проблеми при пронаоѓањето на партнер.

Портокали

Портокалите прикажуваат скромни и трудољубиви личности. Иако се пасивни и разумни во љубовта, тие се вистински тигри во кревет. Имено, тие имаат многу силен сексуален инстинкт, но им поминува многу бргу.

Банани

Луѓето љубители на банани се трпеливи и упорни. Тие го покажуваат најдоброто во себе кога им се дадени тешки задачи и комплицирани проекти. Кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер, лудо се вљубуваат и веруваат дека ќе трае вечно. Бидејќи се многу мили, тие се оние што создаваат пријатна фамилијарна атмосфера.

Вишни

Ако сакате вишни, вие сте многу внимателни и секојдневните обврски ги извршувате постепено. Бидејќи сте срамежливи и ви недостига чувство за хумор, вие сте премногу внимателни кога станува збор за љубовта.

Смокви

Смоквите им се омилени на импулсивните и тактичните луѓе, кои се препознатливи по одлична меморија и изразено либидо. Ним не им пречи длабока старост.

Слични статии

Алтернативно катче

повеќе...
Ви препорачуваме
Перница Мемосан

Перница Мемосан

Анатомската перница од мемори пена ви обезбедува потпора на вашиот ’рбет, врат и рамена без точки на притисок.

[ Повеќе ]