За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Кој рано рани...

Има една стара народна поговорка која вели дека оној што порано си легнува и порано станува науто, ќе биде здрав, богат и паметен. Ја знаете: Кој рано рани, две среќи граби!

Научниците кои ја истражувале вистинитоста на оваа стара поговорка, дошле до интересни заклучоци: додека за еден дел од тврдењето (рано легнување во кревет) се покажало дека навистина носи позитивни здравствени резултати, со вториот дел (рано будење) тоа не се случило.

Така што, оние кои се будат пред зора, во просек се со послабо телесно и психичко здравје од оние кои спијат се додека сончевите зраци не ги разбудат.

Во истражувањата биле мерени количините на кортизол, хормон кој е поврзан со стресот. Тие покажале дека кај луѓе кои се будат пред 7 часот наутро, има зголемени количини од овој хормон, но и дека зголемената концентрација останува и во текот на целиот ден.

Оние кои легнуваат порано, се чувствувале помалку опуштени и често страдале од настинка, главоболка и болки во мускулите. Меѓутоа, тоа не значи дека е во ред да се остане буден до доцна и следниот ден да го надокнадиме пропуштениот сон.

Научниците отсекогаш тврделе дека најквалитетен и најдлабок сон е помеѓу 23 и 4 часот наутро и токму во тоа време треба да го практикуваме, доколку мислиме на своето здравје. Во анализата на овие истражувања, научниците дошле до контраверзни теории, за чие објаснување прво е потребно да се дознаат неколку факти...

Имено, нашите предци пред стотина години, имале сосема различен биоритам од оној кој е денес вообичаен – често исцрпени од тешките дневни обврски, заминувале на спиење веднаш штом падне мрак и многу ретко ја дочекувале полноќта, немало повеќе различни извори на светлина во нивните домови, немале доцни телевизиски емисии, ниту пак компјутери за работа или за игри во текот на ноќта.

Денес да се остане буден по полноќ е сосем вообичаена работа – најголемиот број луѓе кои не мораат да се будат рано, не се сеќаваат кога последен пат заспале порано. Денес работиме подолго, подолго патуваме до работа и назад, некои маркети работат во текот на целата ноќ, а и во сопствениот дом имаме безброј можности и направи кои ни олеснуваат да останеме будни.

Се помалку луѓе се занимаваат со работи поради кои би морале да се разбудат штом излезе сонцето, а се повеќе работат во ноќни смени или на работа мора да се појават најрано во 9 часот, што е време до кое нашите предци веќе ги завршувале утринските обврски и веќе ги работеле оние дневните.

Поради сето ова, нашиот организам цел живот се навикнува на касно легнување и едноставно не ни е природно да заспиеме околи 9 или 10 часот навечер, иако мораме наутро рано да се разбудиме. Додека порано луѓето спиеле на пример од 21 часот, па до зори, тој природен циклус сега е преместен за неколку часа подоцна, со што ќе се заклучи дека технолошкиот напредок го поттикнал еволутивниот процес со кој на крајот луѓето ќе се претворат во ноќни суштества...

Но, вистинскиот проблем на нашата "24/7" цивилизација, не е во тоа кога легнуваме или кога стануваме, туку колку долго спиеме. Иако поголем број научници, на повозрасните им препорачуваат најмалку осум часа спиење во текот на ноќта, во поразвиените земји според последните податоци, просечно се спие помалку од седум часа.

Со оглед на тоа дека многу од нас сакаат да останат будни до доцна, но мораат да се будат рано наутро, доаѓаме до ситуација постојано да се носи „долг“ од насобраните часови неспиење – конкретно, тоа значи дека за само една недела, губиме цела ноќ од потребата за нормално функционирање. Покрај тоа, многумина поради брзото темпо на живот патат од несоница.

Последици од недоволно спиење се зголемен стрес, зголемено количество шеќер во крвта, ослабена концентрација, намалени помнење и работна продуктивност, слаба телесна форма и многу други, кои можат да предизвикаат низа од проблеми поврзани со здравјето.

Не залажувате се дека не Ви се потребни повеќе од 5 или 6 часа спиење во една ноќ, бидејќи недостатокот на сон кога тогаш ќе Ве стигне... Јасно е дека не сакате поради спиење да се откажете и од она малку слободно време кое Ви преостанува, но имајте на ум дека спиењето воопшто не е губење на време, туку навистина неопходен процес.

Слични статии

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...
Ви препорачуваме
Дормео Рињу

Дормео Рињу

Дормео Рињу над-душек и подарок Дормео Мемори перница и практична торба за чување и транспорт!

[ Повеќе ]