Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Општи прашања

П: Како да ве контактираме?

  • Е-маил: Нашиот тим ги очекува вашите прашања. На истите одговараме според истиот редослед по кој сме ги добиле. Се трудиме да одговараме што е можно побрзо. Пишете ни!

    Можеме да ви дадеме одговор на сите ваши прашања поврзани со производите, брендовите и др. на е-маил.
  • Телефон: Секогаш можете да не побарате и ние ќе ви помогнеме со сите ваши прашања и забелешки. Нарачувањето, исто така, е лесно преку телефон, затоа не се двоумете се да ни се јавите. Нашиот телефонски број е: 02/3094-552.

    На телефон можете да добиете одговор за вашата нарачка или испораката. Нарачувањето, исто така е многу лесно.

П: Кои би биле предностите доколку креирам корисничка сметка на вашата страница?

Еве дел од нив:

  • Процесот на купување е побрз бидејќи не треба да ги пополнувате истите полиња при секое купување.
  • Можете да обележувате производи кои ви се допаѓаат како Омилени.
  • Можете да ги погледнете сите ваши претходни нарачки.
  • Можете да изберете дали сакате да добивате е-маил пораки од нас.
  • Можете да побарате да ви доставиме каталог на домашна адреса и многу, многу повеќе.

П: Како да знам дека купувањето кај вас е безбедно?

Купувањето кај нас е 100% безбедно поради тоа што нарачаните производи ги плаќате при приемот, на доставувачот или во локалната пошта. Не ви е потребна кредитна картичка за да направите нарачка.

Кликнете тука за да прочитате повеќе: Гаранција за безбедно купување.

 

П: Како да напишам рецензија за некој производ?

Многу лесно! Под секој производ има копче „Напиши рецензија“ каде ќе можете да го напишете вашиот коментар.

Можете да оставите коментар само доколку сте најавени. Доколку немате корисничка сметка, кликнете тука за да креирате.

Ве молиме прочитајте ги Условите за користење за да дознаете повеќе.

П: Како да ја најдам вашата Фејсбук страница?

Нашата Фејсбук страница можете да ја најдете овде. Кога сте веќе таму, кликнете „Ми се допаѓа“. Ви благодариме!

П: Како да се пријавам за добивање е-магазин?

Внесете ја вашата е-маил адреса овде. Ви благодариме!

П: Како да се одјавам од добивање е-магазин?

Доколку не сакате да добивате пораки од нас (понуди, статии и др.) ве молиме најавете се и кликнете во делот Прилагодувања за пораки. Таму можете да изберете дали сакате да добивате пораки од нас.

Сепак размислете уште еднаш, бидејќи штом еднаш ве отстраниме од листата, не можеме да ве вратиме повторно.

П: Како да го искористам купонот кој го добив?

Користењето на купонот е лесно.

  1. Кога ќе ја направите нарачката, можете да видите дека купонот е првиот чекор пред завршувањето на истата.
  2. Кодот од купонот внесете го во полето и кликнете на копчето.
  3. Попустот од купонот ќе биде прикажан на десната страна, веднаш до цената.

Производи - душеци

П: Како да знам која страна од душекот да биде свртена нагоре?

Секој душек има ознака каде е запишана точната положба на душекот. Доколку вашиот душек е наменет за користење и од двете страни, проверете која страна е помека а која потврда.

П: Како се користи кабелот за приземјување?

Жицата со метално копче мора да биде прицврстена на душекот и да се спроведе до најблискиот заземјен предмет. Статичниот електрицитет кој се создава на површината од душекот ќе биде отстранет низ жицата и со тоа ќе спречи создавање на прашински грини.

П: Како да го чистам мојот душек?

Доколку вашиот душек има навлака која се вади, проверете ја нејзината етикета. Таму е наведено дали може да се пере и на која температура.

П: Која е максималната дозволена тежина на корисникот?

Сите душеци се тестирани за тежина од 140 кг. Сите резултати беа во ред, поради тоа, не очекуваме никакви проблеми и со поголема тежина.

П: Дали е возможно да се нарачаат нестандардни димензии?

Да, возможно е. Пишете ни на е-маил за повеќе информации.

П: Која е разликата помеѓу Дормео душеците?

Дормео душеците се прилагодени според потребите на нашите купувачи. Тие се направени од различни материјали, со различни јадра, различна поддршка како и различни навлаки: за справување со влага, заштита од статичен електрицитет, заштита од бактерии и др.

Имаме душек за секој, без разлика дали сакате поцврст или помек, страдате од алергии, се потите многу или др.

Разгледете ја нашата страница и пронајдете го идеалниот душек за вас.

П: Колку се високи душеците?

Дормео душеците имаат различни висини. Висината на секој душек можете да ја погледнете во делот Технички карактеристики.

П: Колку се тврди душеците?

  • Aloe Vera душекот е најврстиот од сите. Има 1 Ecocell јадро и навлака збогатена со алое вера.
  • iMemory Silver душекот има двојно Ecocell јадро со поцврста и помека страна со Мемори пена. Има 3 зони на поддршка и навлака со Climalite, која се справува со вишкот влага и сребрени честички кои ве штитат од бактерии.

П: Зошто има таква разлика во цената помеѓу душеците Aloe Vera и iMemory silver?

Aloe Vera душекот е основен душек со 1 јадро и 1 зона на поддршка. iMemory Silver е напреден душек со двојно јадро со мека и цврста страна, направени од Ecocell и терморегулациска Мемори пена. Исто така има 3 зони на поддршка и иновативна навлака збогатена со сребрени честички.

Исто така, душекот iMemory Silver има навлака која се вади, која ја нема душекот Aloe Vera.

П: Дали душекот Aloe Vera е соодветен за луѓе кои страдаат од алергии?

Да. Aloe Vera душекот има CleanEffect® третман кој ќе ве штити од прашински грини и бактерии.

П: Дали се губи ефектот на микрокапсулите во навлаката на душекот iMemory mattress, откако истата ќе се испере?

Не, ефектот не се губи по перењето.

П: Колку долго трае ефектот од алое вера во навлаката на душекот?

Дејството на алое вера е трајно.

П: Што е мемори пена и кои се придобивките од неа?

Мемори пената е материјал кој е создаден од НАСА, со цел да ги штити астронаутите од силите на гравитацијата додека полетуваат.

Душеците со Мемори пена се изработуваат со материјал чувствителен на температура. Оваа карактеристика им овозможува на душеците да се прилагодат на температурата на телото и тежината и да ви овозможат квалитетен сон.

Намалување на болките во телото е друга предност на душеците со мемори пена. Тоа се постигнува со распоредување на притисокот низ целото тело. Точките на болка имаат температура поголема од останатиот дело од телото. Поради тоа што душекот се прилагодува на температурата на телото, мемори пената му помага на телото побрзо да заздрави.

Мемори пената, исто така, ви помага да спиете во идеалната положба со тоа што го одржува ’рбетот во исправена положба додека лежите. Правилното спиење решава многу проблеми, веќе постоечки и идни.

П: Дали можам да ја перам Мемори пената?

Не.

П: Која е густината на Мемори пената?

Мемори пената има различна густина, во зависност од производот. Обично, густината се движи од 30 до 36 кг/м3, па дури до 80 во Octaspring душеците. Проверете ги техничните карактеристики на секој производ.

П: Дали морам да го ставам душекот на летвички?

Ви препорачуваме да го ставите душекот на летвички. На овој начин, душекот ќе се проветрува и вашето тело ќе добие дополнителна поддршка.

П: На што се однесува гаранцијата на душеците?

Гаранцијата на душеците можете да се подели на 2 дела:

  • гаранција на навлаката (1 година), и
  • гаранција на јадрото на душекот (10-12-15-20 години).

Гаранцијата покрива:

1. Гаранција на навлаката

  • олабавени шевови
  • искината навлака

2. Гаранција на јадрото на душекот

  • распадната пена
  • попуштено јадро
  • појава на мувла
  • варијации на димензии

Производи - над-душеци

П: Дали ми е потребен дополнителен чарашаф за над-душекот?

Не. Ставете го над-душекот директно над душекот и врз него ставете го чарашафот.

Производи - перници

П: Зошто перниците со мемори пена се стврднуваат кога е ладно?

Мемори пената има термо-регулациски карактеристки. Што значи, кога е ладно перницата се стврднува, а кога е топло, омекнува.

П: Која разликата помеѓу перниците со мемори пена и перниците со Wellsleep влакна?

Перниците направени од мемори пена се прилагодуваат на вашето тело и имаат поцврста површина под вашата глава. Wellsleep се микрофибер влакна кои ги имитираат влакната од гуска. Тие се неверојатно меки и додаваат дополнителен волумен на вашата перница.

Тоа значи дека, перниците со мемори пена обично се поцврсти а перниците со Wellsleep влакна се помеки.

П: Која перница е најсоодветна за мене?

Одбирањето на перницата зависи од вашите потребни, но, наш совет е да ја изберете перницата според следниви критериуми: анатомска или класична перница, положба на спиење (на грб, на стомак или на страна), материјал и цврстина (цврста или мека). За да ви помогнеме со изборот, подготвивме водич Како да ја изберете совршената перница.

П: Која е разликата помеѓу ортопедска и анатомска перница?

  • Ортопедската перница ви нуди поддршка и го спречува телото да лежи во несоодветна положба.
  • Анатомската перница го обликува и се прилагодува на телото.

Материјали

П: Како се користи алое вера во нашите производи?

Нашите душеци, перници и јоргани се третирани со алое вера, што ја зголемува мекоста на производите.

Третманот од алое вера ја регенерира ткаенината, давајќи им мекост и нежност и истовремено ја прави околината за спиење попријатна.

Главни карактеристики: мекост

Главни предности: чувство на мекост и попријатна околина за спиење

П: Како се користи бамбусот во нашите производи?

Влакната од бамбус имаат терморегулациски карактеристики, што ги прави вашите перници, јорган или душеци, совршени за летото и зимата. Исто така, имаат поголема впивачка моќ од памукот, па затоа ви нудат поздрава околина за спиење.

1. Главни карактеристики:

  • антибактериски
  • материјалите се направени од природни продукти и впиваат влага

2. Главни предности:

  • сува околина за спиење
  • опуштен и удобен сон

П: Како се користат Climalite влакната во нашите производи?

Climalite влакната во навлаката на душекот ја пренасочуваат вишкот пот и влага и благодарение на нивната структура, го прават вашиот душек свеж за секој нов сон.

1. Главни карактеристики:

  • ефикасно ја пренасочува влагата

2. Главни предности:

  • ја одржува температурата на телото и удобноста
  • во различни околини: свежо&суво

3. Споредни карактеристики:

  • справување со влага

4. Споредни предности:

  • удобност при спиењето

П: Како се користи памукот во нашите производи?

Памучните навлаки од Дормео (навлаки за перници, навлаки на јоргани, чаршафи и др.) се дизајнирани за луѓето кои бараат допир на природата при спиењето. Ви нудат природна удобност и чувство на благосостојба.

1. Главни карактеристики:

  • природно

2. Главни предности:

  • удобно и природно чувство

3. Споредни карактеристики:

  • цврсто, трајно
  • впивачки карактеристики

4. Споредни предности:

  • лесно се одржува, долготрајно, практично
  • опуштен и удобен сон

П: Како се користи свилата во нашите производи?

Овој луксузен материјал го разгалува човекот од 6000 год. п.н.е. Благодарение на својата еластичност, отпорност и мекост, совршен е се за сите луксузни и декоративни производи за спиење. Овој сјаен материјал ги ја задржува температурата на телото и ја впива влагата, со што ви нуди совршена околина за спиење.

1. Главни карактеристики:

  • многу лесен & природен

2. Главни предности:

  • лесен е, мек и топол

3. Споредни карактеристики:

  • природен
  • сјаен
  • доколку правилно го одржувате ќе трае повеќе од осанатите постелнини

4. Споредни предности:

  • уникатно природно чувство
  • неверојатен изглед
  • траен

П: Како се користат посребрените влакна во нашите производи?

Овие влакна со трајна сребрена облога на својата површина се користат во Дормео душеците, перниците и јорганите. Со овој процес, материјалот и задржува своите традиционални карактеристики со дополнителните предности на среброто. Имаат одлични анти-бактериски карактерстики. Затоа, вашата околина за спиење ќе биде смирена и свежа.

1. Главни карактеристики:

  • анти-бактериски

2. Главни предности:

  • здрава & сигурна околина за спиење

3. Споредни карактеристики:

  • не задржува мириси

4. Споредни предности:

  • свежа околина за спиење

П: Како се користи TENCEL� во нашите производи?

Tencel® е одговорот на истражувањата за природен материјал за полнење на постелнините. Со користење на производи изработени од Tencel®, ќе го добиете најдоброто: меко како свила, јако како полиестер, ладно како лен, топол како волна и впивачко како памук.

Составен е од целулоза, совршен за јоргани и перници бидејќи е многу мек и дозволува воздухот да струи низ производот.

Мекоста, сувоста и оптималната топлина која ја дава Tencel®, ви овозможуваат сува и свежа околина за спиење. Тенцелот е 100% разградлив.

1. Главни карактеристики:

  • справување со влагата

2. Главни предности:

  • свежа и сува околина за спиење
  • безбедно
  • природно

3. Споредни карактеристики:

  • меко како свила, јако како полиестер, ладно како лен, топло како волна и впивачко како памук
  • биоразградливо

П: Како се користат wellsleep микровлакната во нашите производи?

Wellsleep микровлакната се многу поразлични од обичниот полиестер измислен од пред еден век. Има супер термални карактеристики и е докажано дека можете да се користи во најразлични области. Постелнината полнета со wellsleep микровлакна можете да биде многу лесен и многу топол, а поради тоа што не впива влага, отпорен е на дамки.

1. Главни карактеристики:

  • лесен & топол

2. Главни предности:

  • чувство како да се пердуви

3. Споредни карактеристики:

  • лесно се одржува

4. Споредни предности:

  • отпорен на дамки

П: Како се користи волната во нашите производи?

Производите направени од волна ве изолираат од топло и од ладно. Помага да одржите постојана температура на телото и поради тоа е совршен за користење.

Волната ви нуди сува и топла околина за спиење, ја одбива влагата од вашата кожа и ви ја одржува температурата на телото.

1. Главни карактеристики:

  • Природен, висококвалитетен.

2. Главни предности:

  • Био-разградлив

3. Споредни карактеристики:

  • термална изолација, ги намалува ревматските проблеми
  • се справува со влагата
  • многу отпорен

4. Споредни предности:

  • ги олеснува ревматските предности
  • долготраен

П: Како е користи Ecocell® во нашите производи?

Ecocell® е нова генерација на квалитетна и удобна пена, дизајнирана за одлична удобност при спиењето. Има трајна еластичност со тридимензионална клеточна структура, што дозволува циркулација на воздухот. Се работи за цврста пена која го задржува својот облик, без разлика на притисокот. Исто така, може да се рециклира и поради својата мала тежина и приспособливост, одржувањето е лесно и едноставно.

1. Главни карактеристики:

  • одлична приспособливост

2. Главни предности:

  • одлична удобност и поддршка при спиењето

3. Споредни карактеристики:

  • одлична циркулација на воздухот
  • може да се рециклира
  • мала тежина

4. Споредни предности:

  • свежа, сува и здрава околина за спиење

П: Како се користи Мемори пената во нашите производи?

Виско-еластичната пена или Мемори пената е материјал кој го револуционираше начинот на кој телото се одмора за време на спиењето. Се обликува според вашето тело и така ви дава персонализирана подлога за спиење. Спиењето на Дормео душек или перница со мемори пена ви дава совршена поддршка, тие се хипоалергени што ги прави совршени за сите кои страдаат од алергии. Мемори пената е отпорна на прашински грини и ви нуди чиста околина за спиење.

1. Главни карактеристики:

  • чувствителна на температура

2. Главни предности:

  • се прилагодува на вашето тело

Рекламации

П: Мојот Дормео производ е оштетен, што сега?

Доколку производот сè уште има гаранција (гаранцијата ја добивате заедно со вашиот производ), ве молиме пишете ни на info@dormeo.com.mk Лице одговорно за рекламации ќе ве исконтактира и ќе ве упати што понатаму

П: Колку годишна гаранција имаат производите?

Во зависност од тоа каков производ од Дормео купувате, има различни гарантни рокови. При купување, ќе бидете информирани за траењето на гаранцијата како и за тоа што покрива истата.

За повеќе информации кликнете тука.

Нарачки

П: Дали можам да ја сменам или да ја откажам мојата нарачка?

Доколку сакате да ја промените или откажете вашата нарачка ве молиме пишете ни на info@dormeo.com.mk. Доколку производот е веќе испратен, за жал не сме во можност да ја откажеме вашата нарачка.

П: Кој е статусот на мојата нарачка?

Со задоволство ќе ви провериме. Пишете ни на мејл или побарајте нè на телефон и веднаш ќе ве информираме.

П: Производот кој сакав да го нарачам, го нема на залиха. Што сега?

За жал, имаме достапно одредена количина од одредени производи. Во таков случај, не можеме да ви го испратиме производот. Но, со задоволство би ви понудиле сличен производ.

Секако, ова не важи доколку производот кој сакате да го нарачате, го добиеме наскоро.

Ќе бидете известени за промените во статусот на вашата нарачка преку е-маил или телефон.

Испорака на производи

П: Колку чини испораката?

Цената за испорака зависи од тежината на пакетот како и градот до кој го испраќаме. Точната сума ќе ви ја каже нашиот агент при телефонската потврда на нарачката.

П: За колку дена ќе ја добијам мојата нарачка?

По секоја ваша нарачка, ќе добиете повик од наш агент за финална потврда на нарачката.

Производите кои ги имаме на залиха ќе ви бидат испорачани за 3-5 дена. За сите останати, ќе бидете дополнително информирани.

Доколку по вашата нарачка, не добиете повик од наш агент, ве молиме пишете ни на info@dormeo.com.mk за да провериме.

П: Дали морам лично да ја примам пратката?

Доколку за пратката плаќате во готово при прием, морате лично да ја примите и да се потпишете.

П: Дали вршите испорака надвор од државата?

За жал, не сме во можност да ви испорачаме производ надвор од границите на Р. Македонија.

Враќање на производи

П: Сакам да го вратам нарачаниот производ, што да правам?

Доколку од некоја причина не сте задоволни од нарачаниот производ, можете да го вратите во рок од 15 дена, неотпакуван и некористен, во оригиналното пакување.

П: Колку време треба да помине за да ги добијам парите назад?

Откако ќе ни го испратите нарачаниот производ, прво, истиот треба да пристигне кај нас, по што вие ќе бидете контактирани телефонски и ќе се договорите за начинот на враќање на парите.

Информации за плаќање

П: Начини на плаќање?

Во моментот можете да плаќате на следните начини:

  • Плаќање во готово при прием
  • Плаќање со картичка
  • Плаќање на рати со кредитна картичка

П: Како функционира плаќањето при прием?

Плаќањето при прием е најбезбедниот и најлесниот начин на плаќање. Едноставно, сумата ја плаќате во пошта или на вашиот доставувач при прием на вашата пратка.

Технологија

П: Што се колачиња и дали треба да ги дозволам колачињата во мојот пребарувач?

Колачињата се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страницата на Дормео. Колачињата се користат исклучиво за да соберат информации кои и се потребни на нашата интернет страница.

За повеќе информации, прочитајте ги Правилата за корисници.

П: Кога правев нарачка, ми се појави порака со грешка. Што се случи и како да постапам понатаму?

Проверете дали ги имате внесено сите информации потребни за комплетирање на нарачката. Полињата каде има грешка или се празни се обележани со црвен круг.

Доколку повторно се појави грешка, ве молиме затворете ја страницата и отворете ја повторно. Доколку и ова не помогне, пишете ни за да го разгледаме проблемот и заедно да го надминеме.

Вашите информации

П: Ја променив мојата е-маил адреса. Како да ја внесам новата?

YНајавете се на вашата корисничка сметка и во делот Прилагодувања за пораки, можете да ја внесете вашата нова е-маил адреса.

П: Како да ја променам мојата лозинка?

YНајавете се на вашата корисничка сметка и кликнете на делот Информации за корисничка сметка. Таму можете да промените вашата лозинка.

П: Повеќе не ми е потребна корисничка сметка. Како да ја избришам?

Доколку сакате да ја избришеме вашата корисничка сметка, пишете ни на info@dormeo.com.mk