КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Постелнина

Постелнина

Погледнете ја големата понуда на јоргани во боја, чаршафи и постелнина. Изберете ја омилената боја, стил и освежете ја спалната соба, за совршен сон! Секоја ноќ!

Подреди според Подреди според

11 производ(и)

Затворете

11 производ(и)

Затворете

Дормео Постелнина

Спиењето е еден од најважните фактори кои влијаат на нашето целокупно ментално и физичко здравје. Кога не спиеме правилно, се соочуваме не само со замор и општо слабеење на нашето тело, туку и со раздразливост и нервоза. Покрај тоа, нема ништо подобро oд препуштање во удобноста,  по долг и напорен ден и конечно, да уживате во заслужената релаксација и сон. За да го направите ова, потребна ви е пријатна и чиста околина. Создадете своја оаза на спиење со производите на Dormeo точно по ваш вкус!

Постелнината е основа за удобен сон, покрај душекот и квалитетната перница, бидејќи квалитетот на сонот зависи од тоа. Убаво е кога во ладно време креветот добро ја задржува топлината, а при топло време убаво се лади и е добро проветрен. Меката постелнина создава чувство на прегратка и леснотија, а потешките ткаенини добро влијаат на кожата, нежно масирајќи ја.

Која ткаенина е подобра за постелнина?

Памукот и свилата традиционално се сметаат за најдобри материјали за постелнина. Но, денес, комбинацијата на природни ткаенини со синтетички, или целосно синтетички ткаенини, како што е микрофиберот, може да даде удобност не толку различна од природната ткаенина, а таквите комплети се достапни секому. Постелнината често се мие, затоа добрата ткаенина треба да издржи перење на високи температури и да не ги губи своите квалитети, па затоа при изборот обрнете внимание на густината на ткаењето и јачината на ткаенината. Обрнете внимание на квалитетот на шевовите, во добар комплет за постелнина тие ќе бидат мазни, нема да изложуваат дополнителни нишки. Можете да најдете квалитетни комплети за постелнини на официјалната веб-страница на Dormeo по најдобра цена.

Kако точно да ја изберете ја големината на постелнината?

Постојат неколку стандардни големини на постелнина: еднокреветна (140х200см) или двојна (200х200 см). Големината на постелнината треба да се избере според големината на вашиот кревет, земајќи ги предвид не само ширината и должината, туку и висината на душекот особено ако чаршавот е растегнат. Во комплетите постелнини на Dormeo, вие не само што можете да ја изберете посакуваната големина на чаршафот или ќебето, туку и да изберете торбичка за вашата перница. Големините на навлаките за перници се  50х70см. При избор на постелнина во онлајн продавницата „дормео“, дознајте го бројот и големината на навлаките за перници, така што комплетот ќе одговара совршено.

Квалитетен сон со заштитни прекривки

Вие и вашето семесјтво заслужувате здрава средина за спиење. Во Dormeo нудиме широк спектар на бои и стилови кои ќе ја оживеат вашата спална соба и ќе ви донесат совршен сон. Покрај тоа, секој душек и над-душек имаат потреба од квалитетна заштита од алергени, грини од прашина, течности и дамки, кои го намалуваат квалитетот на спиењето и го загрозуваат вашето здравје. Заштитните навлаки на Dormeo го обезбедуваат токму ова, го одржуваат вашиот душек чист, продолжувајќи го векот на неговото користење. Покрај тоа, тие лесно се прицврстуваат, благодарение на еластичноста на материјалот, дизајниран да одговара на било кој душек, со што вашиот кревет изгледа уште поудобно. Во нашата понуда имаме заштитни покривки и за најмладите, чие спиење е многу важно за правилниот развој. Изберете некој од прекрасните мотиви за момчиња и девојчиња, кои ќе им го направат спиењето пријатно и со доволно енергија за следниот ден.

Денешната модерна постелнина, која овозможува практичност и естетика, несомнени е важен дел од нашето секојдневие. Таа топли, го заштитува вашиот душек и кревет, ја украсува вашата спална соба и креира оаза за квалитетно спиење. Токму затоа, ве покануваме да ги разгледате нашите понуди и да внесете удбоност, квалитет и еститика во вашето секојдневие. Ве очекуваме!