За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Почувствувајте ги благодетите на природата: мерино волна

Постелнината изработена од мерино волна обезбедува спиење во удобна и здрава околина, исполнета со чувство на луксуз. Бројните придобивки од волната го подобруваат квалитетот на спиењето и значително ја регулираат топлината на телото.

100% природно
Сите ние сме свесни дека нема ништо подобро за нашето здравје од природните производи. 100% е добро за природата, одлично за луѓето.

Материјал кој дише
Природните влакна на волната дишат и се прилагодуваат на температурата на телото. Оваа карактеристика ја прави волната идеална за парови кои спијат заедно, а на кои им се потребни различни нивоа на топлина. Со постелнина од мерино волна, секој ужива во својата идеална температура. Така, бессоните ноќи се минато, а Вие уживате во удобниот сон.

Ја намалува и ја регулира влажноста и потењето
Уникатната структура на секое волнено влакно му овозможува да ја абсорбира и ослободува влагата со што создава посува и поздрава околина. Природните влакна на мерино волна се толку ефикасни што можат да абсорбираат влага во количина која е една третина од нивната тежина а сепак да бидат суви на допир.

Создава многу поздрави услови за спиење
Со спиење во услови во кои се контролираат температурата и влажноста се намалува неудобноста. Маглата и зголемената влажност во воздухот негативно влијаат на лица кои страдаат од артритис, реума, болки во грбот и други состојби поврзани со зглобовите и коските. За многумина, идеалните услови за спиење кои ги создава волната помагаат во намалувањето на болките и неудобноста кои ги предизвикуваат горенаведените здравствени проблеми.

100% удобност
Покрај сите научни причини кои се однесуваат на тоа зошто треба да изберете постелнина од мерино волна, исто така и удобноста треба сериозно да се земе предвид. Спиењето на мека и волнена прекривка, покриени со луксузен волнен јорган, ќе ви овозможи поголем комфор отколку што можете да замислите.
Мерино волната толку ќе ве освои што веќе никогаш нема да сакате да користите друг вид на постелнина.

Се користи во текот на целата година
Во условите кои ги создава мерино волната можете да уживате во текот на целата година. Волната создава своја микроклима со што на вас ќе ви биде топло во текот на зимата, а пријатно во текот на летото. Волната е најприродниот термостат на светот.

За ваше добро психофизичко здравје, направете ја мерино волната дел од Вашиот живот бидејќи:

  • Ослободува од стрес

Природната волна ги хармонизира човечката психологија и физиологија поради нејзината мека ткаенина, способноста да диши и комфорот.

  • Одмара

Волнените производи вршат постојана масажа и ја подобруваат циркулацијата на крвта со што овозможуваат подобар одмор и заздравување.

  • Дава енергија

Допирот на волната на човечкото тело има смирувачки ефект и дава енергија.

  • Прави да уживате

Овој производ ви нуди луксуз, удобност, топлина и заздравување. Преку производите изработени од природна волна вие се полните со енергија.

Волната која Дормео ја користи во производството на мерино производите, се добива со рачно стрижење на млади мерино овци. Овој процес е безопасен за животните и е полезен за растот на нивното крзно.

Слични статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...