За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Седум типови на мажи на кои жените не можат да им одолеат

Дали некогаш сте се запрашале зoшто некои мажи секогаш имаат среќа со жените?

На жените им се допаѓаат некои лични карактеристики и нив секако ги привлекуваат оние мажи кои ги поседуваат таквите карактеристики.

Видете кои се седумте типови на „идеални мажи“ бидејќи можеби сте еден од нив, без воопшто да сте свесни за тоа...

Можеби ќе се препознаете во некој од следниве описи... Кога ќе ја добиете следната шанса не заборавајте да спомнете, односно истакнате, некои од следниве карактеристики.

1. Романтичен

Тој верува во класична романтика. Купува цвеќе, мали подароци со кои покажува дека е внимателен и ужива во вечера на свеќи. Често ú се јавува на својата партнерка за да ú покаже дека мисли на неа. За време на разговорот, тој ја гледа во очи и ги споделува своите чувства со неа.

Зошто е тој толку привлечен?


На жените им е потребно внимание и очигледно тоа го добиваат од ваков тип на мажи. Дополнителен бонус во врската во овој случај е што и жената се чувствува слободна да ги искаже своите чувства.

2. Маж со голема самодоверба

Тој верува во себе и во своите способности. Кај него се забележува моќта за справување со секоја ситуација (секако во границите на нормалата – арогантниот маж е исклучен од оваа категорија). Тој не е љубоморен во врска со други мажи и не се чувствува загрозено ако неговата партнерка има пријатели и колеги мажи.

Зошто е тој толку привлечен?

Жените ги привлекува самодовербата кај мажот. Размислете: ако мислите за себе дека сте добра личност, тогаш и вашата партнерка ќе го дели вашето мислење. На оној маж кој има голема самодоверба не му е потребно одобрување од страна на жената, и токму тоа го прави привлечен.

3. Уметник

Тој е спонтан и го живее секој момент од животот. Често го привлекува вниманието со својата креативност – на пример со песна или слика направени специјално за неа.

Зошто е тој толку привлечен?

Секоја жена сака да се чувствува единствена и посебна. Не постои подобар начин мажот да ја смета жената за своја муза. Самата помисла на креативен маж ја инспирира.

4. Странец

Тој доаѓа од егзотична земја, има привлечен акцент и посебен поглед на светот. Неговото однесување и навики се необични, но тој е секогаш шармантен. Не мора да доаѓате од друга земја за да се вброите во оваа категорија. Доколку многу патувате и зборувате странски јазици, секако дека сте исто толку шармантни колку и секој друг слаткоречив странец.

Зошто е тој толку привлечен?

Нема што повеќе да се каже за овој тип на мажи – тоа што се различни од другите ги прави неодоливи.

5. Бунтовник

Бунтовниците одат кај што ќе ги однесе ветрот – најчесто ги носи во авантури.

Зошто е тој толку привлечен?

Секоја жена посакува бунтовник (секако во разумни граници). Таа ја обожава неговата искреност и посакува да биде дел од тоа. Малку бунтовен дух носи младост и свежина во врската.

6. Интелегентен / духовит тип

Разговорите со него се интелектуално стимулативни. Тој ја смее со својата смисла за хумор. Дури и разговорите за политика се интересени кога ги водите со ваков тип на маж.

Зошто е тој толку привлечен?

Физичката убавина со текот на времето изчезнува, сите сме свесни за тоа – но доколку интелектуално добро се согласувате со некој значи дека веќе сте добиле половина од битката. Една врска станува поуспешна и трае подолго ако сте на исто интелектуално ниво со вашиот партнер. Ако успеете ова да и го покажете, таа набрзо ќе биде ваша.

7. Џентлмен

Ова е тип кој ú отвoра врата на својата партнерка, ú го држи капутот и ги плаќа заедничките вечери. Обично тој многу добро знае таа како се чувствува.

Зашто е тој толку привлечен?

Најверојатно сте мислеле дека фин и внимателен маж никогаш не е привлечен за жените. Размислете подобро: откако жената ќе излезе од лоша врска со непристоен маж, најверојатно ќе ги измени своите приоритети. Ова бара поголема зрелост од нејзина страна, но на крајот, сите жени сфаќаат дека покрај себе сакаат маж кој кон нив секогаш ќе се однесува онака како што треба.

Слични статии

Љубов и секс

повеќе...