За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Секс или спиење?

Луѓето попрво би заспале отколку да водат љубов!

Сите ние ова многу добро го знаеме, но никогаш не го изговараме на глас: има денови кога едноставно не сме расположени за секс.

Далеку познатата женска „главоболка” не им се случува само на нив... Главна причина всушност е заедничка за двата пола – на пример едноставно - желбата за сон.

Дали спиењето навистина повеќе значи од сексот?

Во едно истражување на околу 1000 луѓе, побарана е вистинската причина, односно истражувачите се обиделе да дознаат што е тоа што ја убива желбата за секс.

Испитаниците биле на возраст помеѓу 18 и 75 години, а поголем дел од нив биле во брак или во сериозни и долги врски.

Истражувањата утврдиле дека 56 % од мажите помислуваат на секс секојдневно, а за разлика од нив само 19% жени спаѓаат во оваа категорија. Уште еден резултат од оваа студија е дека половина од испитаниците повремено буквално избегнуваат секс.

5 најчести убијци на сексуалната желба!

Како најчести примери за избегнување и губење на желбата за секс, испитаниците ги наведуваат:

  1. замор (53 %)
  2. лошо расположение или болест (49 %)
  3. неподготвеност (40 %)
  4. грижа за децата (30 %)
  5. работа (29 %)

Современ живот – кога алармот ќе заѕвони …

Можеби звучи чудно, но преку 45% од луѓето, планираат кога ќе имаат сексуален однос. Уште поинтересно е дека од нив околу 7 % дури и го забележуваат својот план на водење љубов во календар. Покрај овие податоци тешко е да се очекува спонтаност и страст…

Дури и кога здравјето е нарушено, желбата не престанува...

Истражувањата исто така покажале и дека луѓето кои навеле дека имаат проблеми со здравјето – наведуваат и дека имаат и поретки сексуални односи. Тоа секако не значи дека дека немаат желба за секс – тие размислуваат за сексот со истиот интензитет како и оние кои немаат проблеми со здравјето, но сепак поретко го имаат.

Дали е во прашање грижата за децата?

Не, децата исто така не се вистинскиот изговор. Истражувањата покажале дека родителите на деца под 18 години, почесто имаат сексуалени односи од оние чии деца се повозрасни и не живеат повеќе со нив.

Стресот на работа е виновен за сè

Точно е дека современиот начин на живот и работа е побрз, па со самото тоа и повеќе стресен. Стресот може негативно да влијае на мнугу различни аспекти на животот, па така и на намалените сексуални желби. Од друга страна, доколку такво нешто Ви се случува - постои решение!

Само помислете на тоа колку сексот може да биде вентил и колку може да помогне да се ослободите од стресот и на кратко да не размислувате за работата.

Не мора спиењето баш секогаш да преовладува...

Доколку понекогаш немате желба за секс - тоа е нормално. Ако пак од друга страна, тоа почнува да станува често, време е да размислите зошто страста и водењето љубов стануваат сè поретки во Вашата врска или брак.

Веруваме дека истражувањето кое е споменато во оваа статија, Ви ги појасни причините зошто тоа се случува, но и се покажа дека повеќето од тие причини и воопшто не постојат… Така што – со само малку повеќе волја и желба – овој проблем е сепак решлив.

Слични статии

Љубов и секс

повеќе...