За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Соновник - поими на буквата В

“В”

Вазна – значи дека Ви претстои некое весело изненадување или некоја награда. Доколку сонувате како добивате вазна како подарок значи деловен успех а ак ово сон ја кршите вазната значи бес и лутина.

Вампир – ако сонувате вампир значи дека имате некој непријател кој постојано ве лаже. Ако пак во сонот вампирот ве дави, тогаш сонот значи некоја болест или несреќа.

Велигден – доколку сонувате сон за Велигден, тогаш сонот означува дека вашите најтешки проблеми се решени. Ви следува среќен период по периодот на тага и темнина. Вие ќе чекорите со високо крената глава и нема да се срамите од никого и ништо. Алтернативно, сонот укажува на некоја духовна преродба.

Венец – да сонувате како плетете венец, значи дека ве очекува здрава иднина. Доколку носите венец на главата значи дека некој ќе ве наклевети. Ако пак сонувате златен венец значи дека ве очекува убав и пријатен живот.

Венчален прстен – ако сонувате како носите венчален прстен тогаш сонот означува свадба. Ако венчалниот прстен го добивате на подарок значи некоја верна личност, а ако сонуваниот прстен е скршен тогаш означува крај на љубовта.

Вино– доколку сонувате како пиете вино, тоа значи дека ве искористуваат; Доколку сонувате како виното тече како река, тоа значи богатство; Доколку сонувате црно вино, тоа значи убава иднина; додека пак бело вино, значи дека имате злонамерни пријатели.

Виножито– доколку сонувате виножито, тоа значи среќа.

Витез – да сонувате витез значи чест, заштита и безбедност. Витез во сон може да значи некој спасител, симболика иста како и фразата “витезот во сјајниот оклоп”.

Вода – да сонувате вода како тече значи некој ве лаже; ако пиете вода во сонот значи ќе западнете во некои тешкотии; бистра вода значи здравје; матна вода значи некое зло и предупредување да се пазите од некои сомнителни работи; топла вода значи несреќен случај или болест; ладна вода значи радост; да сонувате како се бањате во матна вода значи загуба на некое драго лице; ако истурате вода значи за нешто се залажувате самите себеси; ако сонувате како скокате или паѓате во вода значи дека некој ќе почне да ве прогонува; мирна вода значи жалост; жуборот на вода означува задоволство и среќа; да сонувате како давате некому вода значи верно пријателство; сонот за длабока вода означува опасност.

Волк – да сонувате волк значи ќе Ви се случи некој добра работа. Ако волкот завива тогаш означува непријатности; ако во сон волкот ве гони – значи непријател; ако го совладате волкот тогаш сонот означува победа над некој непријател; ако убиете волк значи некој лицемерен подарок; стапицата за волк во вашиот сон пак означува некоја штета.

Воз – доколку сонувате воз, тоа значи патување; Доколку возот стои, ќе избегнете некоја несреќа; Доколку возот поминува брзо, ве очекува голема промена.

Врата – врата во сон значи пријателство. Ако сонувате дека вратата е отворена тогаш ќе слушнете некој добар глас. Ако пак сонувате дека ја затварате вратата со потешкотии тоа значи дека луѓето околу вас не Ве разбираат. Затворената врата означува разочарување а скршената врата значи дека треба да бидете претпазливи и да се заштитите од крадци.

Вулкан – активен вулкан во сон значи некое радосно изненадување додека згаснат, неактивен вулкан значи непријатности, ненадеен губиток.

Слични статии

Соновник

повеќе...