За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Соновник - поими на буквата Б

“Б”

Баба - сонот за некоја стара женска личност означува јад, грижи и љутина. Сонот за баба во друштво значи опомена за претпазливост од некои женски соседи.

Бадем – да сонувате бадем значи дека ќе ви дојде пријател во куќа. Сонот за расцветано бадемово дрво значи исполнување на желба; сонот за нерасцветано бадемово дрво значи одложување на остварувањето на Вашите желби. Сонот за плодот од бадем значи дека Ве очекува некоја искрена љубов.

Бајка – да сонувате бајка значи радост во фамилијата. Ако слушате бајка во сонот тогаш тоа значи дека некој ќе ве излаже; ако Вие раскажувате бајка тогаш сонот значи дека ќе се обидете да излажите нешто меѓутоа без успех.

Бакнеж – да сонувате бакнеж значи љубов, привлечност, смиреност, храмонија и задоволство.

Да видите како некој друг се бакнува во сонот значи дека сте вмешани во приватниот живот на тие луѓе или пак сте вмешани во нивната љубовна врска. Доколку вашиот сон заврши пред да успеете да бакнете некого, тогаш ова значи дека Вие сте несигурни во чувствата на таа личност. Вие барате некој вид на врска со оваа личност меѓутоа не сте сигурни како да ја реализирате оваа врска.

Да сонувате како бакнувате рака некому означува почит.

Да сонувате дека бакнувате нечие момче/девојка значи дека Вие сакате да бидете во врска и да ја искусите енергијата на љубовта.

Доколку сонувате како бакнувате некој ваш близок пријател, значи дека Вие чувствувате почит кон тој ваш пријател и едноставно го обожавате. Овој сон може а и не мора да значи романтичен интерс за вашиот пријател.

Да сонувате како бакнувате некој ваш непријател значи предавство, судар или пак помирување со некој лут непријател. Имајте ја во предвид и следнава поговорка “смртоносен бакнеж”. Доколку Вие сте бакнати од странец тогаш сонот значи самооткривање. Потребно е некои аспекти од вашиот живот да ги осознаeте подобро.

Бакшиш – доколку сонувате како некој Ви дава бакшиш значи дека некој ќе Ви довери тајна; доколку Вие давате некому бакшиш значи некоја штета за Вас.

Балет – доколку сонувате како играте балет, значи дека ќе слушнете нанадејни добри вести; доколку сонувате како гледате балет, значи да се чувате од непријатности.

Балкон – балкон во вашиот сон значи предупредување за некоја опасност што ви претстои. Доколку пак сонувате као се качувате на балкон тогаш сонот покажува дека имате непријатели.

Балон – доколку сонувате балон, значи дека имате неостварена желба; доколку сонувате како балонот експлодира, ве очекува неуспех и кавга.

Банана – доколку сонувате како јадете банана, значи дека ве очекува краткотрајна љубов.

Бебе – да видите бебе во вашиот сон значи невиност, топлина и нови почетоци. Бебињата симболизираат нешто во вашата внатрешна природа што е чисто, ранливо, беспомошно и неподмитливо.

Доколку во вашиот сон Вие наоѓате бебе, ова значи дека Вие ги имате осознаено вашиот скриен потенцијал. Доколку сонувате како имате заборавено дека имате бебе, тогаш ова значи дека Вие сакате да ја сокриете сопствената ранливост; не сакате другите да знаат за вашата ранливост.

Доколку во вашиот сон се гледате себеси како се породувате тогаш сонот ја одразува вашата потреба да бидете зависни и вашата желба за некој да се грижи целосно за вас. Можеби се трудите да се ослободите од некои одговорности.

Да сонувате бебе што плаче значи дека вие чувствувате недостиг на внимание и потреба од подршка. Алтернативно овој сон може да ги покажува вашите неостварени цели и чувство дека нешто ви неодстасува во животот.

Доколку во сонот вашето дете изгледа занемарено, тогаш ова значи дека Вие не си посветувате доволно внимание себеси. Вие не го користите целосно вашиот потенцијал. Алтернативно овој сон може да го претставува вашиот страв за вашите деца како да ги заштитите и како да им помогнете.

Да сонувате прегладнето дете значи дека Вие сте зависни од некого. Ова значи дека Вие се справувате со некаков недостаток во вашиот живот кому треба да му посветите внимание.

Сонот за екстремно мало бебе ја симболизира вашата беспомошност и стравот да им допуштите на другите да дознаат за вашата ранливост и некомпетентност. Може се плашите да побарате помош од некого па затоа ги земате работите во свои раце.

Да сонувате дека потопувате и вадите бебе од вода значи означува регресија. Вие се навраќате на времето кога сте немале грижи и обврски.

Всушност се поголем број на мајки денес се породуваат во вода бидејќи водата на некој начин претставува замена (имитација) на условите во матката. Во исто време овој начин на породување е помалку трауматичен и за бебето. Според ова сонот може да значи потрага по вашата безбедноста зона.

Бела боја – доколку сонувате бела боја, значи дека ве очекува голема радост.

Бездна – да сонувате бездна значи дека постои некоја пречка која ве прави многу вознемирени. Како и да, потребно е да работите напорно за да ја отстраните оваа пречка во вашиот живот. Можеби Вие се плашите од впуштање во незгоди.

Да сонувате дека паѓате во бездна значи одраз на длабочината на вашата несвесност. Вие се плашите или сте несигурно за она што би можеле да го откриете за себеси и за своите скриени стравови и чувства. Бездната исто така може да ги означува вашите примарни чувства и стравови од паѓање во бездна на безнадежноста. Можеби Вие се наоѓате во депресија и сте обземени од негативни чуства. Алтернативно сонот може да укажува на недостаток на религиозност.

Библија – да сонувате ккао читате библија значи дека Ве очекува некоја среќа, а да сонувате затворена библија значи можна смрт на некоја постара личност.

Бисер – доколку сонувате бисери, тоа значи дека ќе слушнете добра вест; Доколку некој Ви подарува бисери, значи дека ќе бидете излажани; Ако купувате бисери, тоа се лоши вести.

Болка – да сонувате дека чувствувате болка значи дека Вие премногу се колебате во врска со вашите идеи за бизнис и некој друг ќе профитира од вашите идеи.

Бурма– доколку сонувате бурма, тоа е симбол на вечна љубов.

Бунар – доколку сонувате бунар, тоа значи среќа и веселба; доколку вадите вода од бунарот, значи брак; ако бунарот е пресушен, тоа значи болест; ако паднете во бунар, значи дека имате грижи; доколку скокнете во бунарот, тоа значи среќа.

Слични статии

Соновник

повеќе...