За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
Соновник - поими на буквата А

Дознајте го значењето на пораките кои ги добивате преку вашите соништа. Само за Вас - соновник, кој се разбира, започнува со буквата А.

А

“А” - во вашиот сон значи супериорност или некој почеток. Вие се движите кон нешто ново и многу важно. Алтернативно, може да покажува првата буква на некоја личност или неговите иницијали.


Авион – доколку сонувате авион, значи дека ќе ги надминете препреките; Доколку сонувате дека авионот полетува, значи дека треба да избегате од дневните обврски; Доколку сонувате како Вие летате со авион, значи дека имате целосна контрола врз Вашиот живот; Доколку сонувате како го пропуштате Вашиот лет, значи дека се чувствувате беспомошно во некоја ситуација, или пак дека се чувствувате отсечени од некој дел од Вашиот живот - работа, семејство и сл.

Доколку сонувате како авионот се урива, ова значи дека имате зацртано високи и нереални цели пред вас. Вашите цели се толку високи што речиси се невозможни.

Автомобил – доколку сонувате како Вие возите автомобил, тогаш ова значи дека Ве очекува некоја среќа; да сонувате како вози некој друг тоа значи дека ќе чуете некои важни вести.

Акробат – да видите акробат во вашиот сон или пак да се видите себеси како изведувате некои акробации значи дека треба да ја подобрите рамнотежата во вашиот живот. Исто така може да значи дека вашите стравови ќе ве спречат во остварувањето на вашите цели. Алтернативно, акробат во вашиот сон може да значи метафора за сексуален однос.

Адвокат – доколку сонувате дека сте адвокат во одреден случај, значи дека сте лојални кон вашите пријатели.

Адреса – сонот за вашата претходна адреса значи дека треба да се навратите на минатото и да научите нешто од него. Сонот за вашата нова адреса значи потреба за промена.Да сонувате дека потполнувате адреса на писмо означува потреба за истражување на нови можности. Измерете ги вашите алтернативи пред да донесете конечна одлука. Алтернативно, сонот може да значи дека Вие конечно ја имате најдено својата насока во животот и дека сте подготвени да ги остварите своите цели.

Аеробик – доколку сонувате дека вежбате аеробик, значи дека имате потреба од физичка активност.

Аеродром – доколку сонувате полн аеродром, значи дека имате голема желба за слобода, високи идеали, амбиции и можност за нови авантури; Доколку сонувате напуштен аеродром, значи дека Вашите планови за патување ќе се променат или одложат.

Азбука – да читате или гледате азбука во сон значи дека Ве очекува многу напорна работа.

Ајкула – доколку сонувате ајкула, значи дека ви следуваат големи непријатности, и посебно треба да внимавате на здравјето.

Аквариум – доколку сонувате аквариум, значи дека ве очекуваат непријатности и многу грижи; Доколку аквариумот е полн со риби, тоа значи добивка.

Актер/Актерка – да сонувате актер или актерка значи дека вие сте во потрага по задоволство. Вашиот восхит кон некоја популарна личност може да значи желба за истите физички или психички карактеристики со таа личност. Анализирајте ја добро личноста која ја сонувате бидејќи токму нејзините/неговите карактеристики Вие треба да ги присвоите за себе.
Сонот во кој вие сте актер означува дека вашиот труд и напор ќе се исплатат на крај. Исто така овој сон ја покажува вашата желба за почит и признание.
Доколку во вашиот сон видите некој конкретен актер/актерка, обратете внимание на улогата која тие ја играат. Иако нив не ги познавате лично, начинот на кој Вие ги гледате нив и улогите што тие ги играат е она што ве поврзува вас со нив.

Албум – доколку сонувате албум, значи дека сте окружен со вистински пријатели; Доколку сонувате како прелистувате албум со слики, значи дека не сте спремни да пребродите некои случки од минатото.

Амајлија – доколку сонувате некаква амајлија, тоа значи дека постојано има некој кој ве чува; доколку вие ја носите амајлијата, тоа значи нова љубов.

Ананас – доколку сонувате ананас, значи Ви претстои забава со Вашето друштво; Доколку јадете ананас, тоа значи парична добивка.

Ангел – доколку видите ангел во сонот значи може да очекувате некоја среќа. Доколку во вашиот сон разговарате со ангел значи дека ќе ви се оствари некоја желба. Доколку во сонот Вие се гледате себеси како ангел тогаш сонот покажува не можна болест.

Аплауз – доколку сонувате аплауз тогаш ова значи дека вашите желби нема да се исполнат. Ако сонувате како ви аплаудираат значи дека Вие сте премногу горди за да успеете; Ако самите аплаудирате значи дека им завидувате на другите за нивниот успех.

За поимите на буквата Б кликнете ТУКА!

Слични статии

Соновник

повеќе...