За информации и нарачки јавете се на телефонскиот број
02 3094-552
КОШНИЧКА
Производи: 0
0,00 Ден.
Е-МАГАЗИН

Сакам да се пријавам за Дормео е-магазинот.

Регистрирај се...
Статии

Квалитетен сон и удобност

повеќе...

Љубов и секс

повеќе...

Алтернативно катче

повеќе...

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...

Булевар

повеќе...

Дали знаете и практични совети

повеќе...

Соновник

повеќе...
 
5 совети за нега на очите

Дали сте забележале дека Вашиот вид не е ист како порано?

Долгите часови пред компјутер, сувот воздух во работните простории и долгото време поминато во учење и читање на лоша светлина ги заморуваат очите.

Ви откриваме 5 совети како да се погрижите за свежината и убавината на Вашите очи и вид...

5 совети кои за нега на очите и добар вид

Трепкање

Повремено во текот на денот, проверувајте дали очите Ви се фиксирани за мониторот. Ова често се случува, поради што докторите препорачуваат почесто и свесно да трепкаме. Трепкањето е важно бидејќи на овој начин очите се навлажнуваат.

Зеленило

Не само што зеленилото во канцеларијата ни дава чувство на пријатност – исто така е познато дека дека очите се одмараат кога гледаат во зелени површини. Ставете цвеќе во близина на компјутерот и повремено погледнувајте го.

Пијте многу вода!

Во човечкото тело, водата претставува 60 до 75 проценти. Таа ги пренесува минералите во телото, ги одзема потрошените минерали, и ја забрзува регенерацијата на ќелиите.
Кожата ќе ви биде многу позатегната, а и вашите очи ќе ви бидат благодарни. Ако ова не помогне и очите ви се суви поради претераното „зјапање“, користете вештачки солзи за да ги навлажните.

Вежби за очите

Очното јаболко е поврзано за очната шуплина со помош на мускули. Кога ќе ослабнат мускулите, ние стануваме кратко – или долговидни. Исто како и сите останати мускули, и очните мускули треба да се тренираат за да се сочува нивната функција.
Гледајте директно во ѕидот пред вас и замислете си средно голем часовник на него. Полека кружете со погледот од бројот 12, па одбројувајќи надолу, и така направете цел круг. Повторете три пати.

Сега погледнете на десно, на лево, долу и колку што можете погоре.

Топлина

После тренингот со очите, истријте ги дланките една со друга и нежно ставете ги на очите. Останете во оваа позиција една до две минути. Топлината има добротворни ефекти на очите и ги смирува.

Не одзема многу време да ги сочувате очите здрави. Покрај следењето на горенаведените совети, исто така треба да се осигурате дека учите и работите во места со правилно осветлување.

Кога читате книга, проверувајте повремено дали растојанието помеѓу врвот на носот и книгата е најмалку 30 сантиметри.

споделете со своите пријатели на Facebook

Слични статии

Здравје и како се чувствуваме

повеќе...
Ви препорачуваме
Дормео Рињу

Дормео Рињу

Дормео Рињу над-душек и подарок Дормео Мемори перница и практична торба за чување и транспорт!

[ Повеќе ]