|
Дали некогаш ви кажале дека зборувате додека спиете, а вие не сте свесни за тоа и не се сеќавате воопшто? Или сте едни од оние кои слушаат дали партнерот ќе обелодени некоја долго чувана тајна...
Поставете му прашање и не бидете изненадени ако наместо некое незначајно мрморење за возврат добиете искрен одговор...
Што значи зборувањето во сон?
Се работи за еден вид нарушување во спиењето и невообичаено однесување додека сонувате. Се случува многу често и генерално не е некој здравствен проблем.
Многу луѓе зборуваат додека спијат. Половина од децата на возраст од 3 до 10 години мрморат длабоко во ноќта, додека околу 5% од возрасните го прават истото. Тие можат да зборуваат само повремено, или во текот на целата ноќ, зависно од личноста и полот.
Иако, многу луѓе може живо да разговараат цела ноќ, тие обично си зборуваат сами на себе си, и покрај тоа што може да вклучат и некоја личност од сонот или личноста со која што спијат.
Ноќните разговори често не се штетни, но зборовите можат да бидат многу вулгарни. Ноќните брборења нормално траат 30 секунди , а може да бидат предизвикани од следниве нешта:
- пореметувања во спиењето,
- здравствени проблеми,
- одредени лекарства,
- емотивен стрес,
- треска.
Ако не сакате да си ги издадете тајните додека спиете...
Посетете специјалист. Ова се применува кај потешките случаи: ако зборувате и врескате, чувствувате интензивен страв или дури пак сте склони кон насилни дејства. Ако вашето дете има вакви проблеми, однесете го на педијатар.
И што можете да направите за себе си?
Во моментов нема ниту еден познат метод за да се реши овој проблем. Баш ни е жал. Но, може да ги следите следните совети:
- Избегнувајте стрес.
- Уверете се дека спиете доволно секоја вечер.
- Направете личен дневник за спиење, со што би ги забележале настаните во текот на спиењето на секои две недели.
- Исто така, забележете кога и од кои лекови земате.
- Додадете на листата и сè што имате јадено и пиено (посебно кафе, алкохол, итн.) и кога имате вежбано,
Ако посетите доктор, покажете му ги овие белешки за да му помогнете да најде решение што побрзо.
|