КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Delimano Brava Рачен апарат за спирално сечкање

Во моментот нема залиха
Photo
Video

Brava spiralizer ќе ви помогне да подготвите превкусни јадења од овошје и зеленчук за миг. Шпагети од тиквички, салати, тестенини со зеленчук итн. Само ставете ги состојките во апаратот за спирално сечкање, свртете ја рачката и сечилата идеално ќе ги обработат. Едноставен е за чистење и безбеден за во машина.

Delimano Brava Рачен апарат за спирално сечкање
1.980,00 ден.
Нема на залиха, побарајте нè на 02 3094-552
Кратко инфо

Brava spiralizer ќе ви помогне да подготвите превкусни јадења од овошје и зеленчук за миг. Шпагети од тиквички, салати, тестенини со зеленчук итн. Само ставете ги состојките во апаратот за спирално сечкање, свртете ја рачката и сечилата идеално ќе ги обработат. Едноставен е за чистење и безбеден за во машина.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Ослободете се од лошите навики и уживајте во здравата храна

Дали постои замена за тешките оброци полни со масти?

Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање е одлично и вкусно решение: оброци од овошје и зеленчук кои ќе ги направите за многу кратко време.

Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање ќе ви помогне да заштедите време, а вашите оброци ќе бидат вкусни и здрави. Наместо да јадете тешки оброци со многу калории и масти, сега може да уживате во најразлични здрави оброци. Користете го за да направите вкусни салати, тестенини од зеленчук или разновиден пржен зеленчук.

Вкусен и убав зеленчук за здрав начин на живот

Најверојатно изгледот на зеленчукот е една од причините поради која не сте негов љубител. Зеленчукот може да изгледа невкусно и здодевно, но затоа тука е Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање кој ќе го промени сето тоа.

Вксуно овошје и спирали од зеленчук кои се вкусни и изгледаат неверојатно убаво. Со нив ќе ги убедите и најтврдоглавите да го сменат мислењето. Ако имате деца сигурни сме дека тие ќе ги засакаат спиралите од овошје и зеленчук- ќе им помогнете да создадат здрави навики кои ќе ги применуваат секогаш.

3 различни сечила за интересни форми

Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање лесно ќе ги претвори вашите омилени овошје и зеленчук во вкусни оброци. Го добивате со три различни сечила:

  • Користете го дебелото сечило за спирали за да направите шпагети од тиквички или пиперки
  • Користете го тенкото сечило за спирали за да направите тенки спирали
  • Користете го сечилото за машнички за да ги исечете зелка, моркови и кромид без да треба да сецкате и да се повредите

Трите сечила кои се менуваат се екстремно остри и се направени од не‘рѓосувачки челик. Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање има посебен дел за складирање на двете сечила кои нема да ги користите, а вие ќе бидете сигурни дека тие ќе останат остри и заштитени долго време.

Направете неверојатни кулинарски дела во удобноста на вашата кујна

Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање ќе ви помогне да направите секојдневни оброци како и различни декорации за специјални прилики. Без разлика на пригодата Delimano Brava - рендето за спирали е лесно и соодветно решение во секое време.

Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање е едноставен и безбеден за користење. Лесно може да го наместите на работната површина. Со неговиот специјален механизам тој нема да се лизга. Можете целосно да го расклопите и да го складирате во фиоката. Може да се мие во машина за садови.

Подгответе вкусни оброци и ужинки:

Како да го користите?

  • Ставете го вашето омилено овошје или зеленчук на Delimano Brava - Рачниот апарат за спирално сечкање и вртете ја рачката.
  • Со секое вртење, зеленчукот или овошјето ќе излезе во тенки или дебели спирали или пак машнички.
  • Секогаш држете ги сечилата настрана од прстите и вашето тело. Држете го подалеку од дофат на деца.

Соодветен за сите кои сакаат:

  • Да се хранат здраво
  • Да создаваат интересни кулинарски оброци во кујната
  • Едноставно решение за подготовка на здрави и брзи оброци
  • Нивните деца да ги засакаат овошјето и зеленчикот
  • Да имаат здрави ужинки богати со витамини и минерали

Во комплетот добивате:

  • 1 x основа на Delimano Brava - Рачен апарат за спирално сечкање
  • 1 x Сечило за тенки спирали
  • 1 x Сечило за дебели спирали
  • 1 x Сечило за машнички
  • 1 x Упатство за употреба

Рецензии од купувачи (0 рецензии)

Сè уште нема рецензии за овој производ ...

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star