КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Delimano JOY Апарат за палачинки

Photo
Video

Чоколаден крем и ореви, крем од ванила и шлаг, мармалад или сос од јаболка. Без разлика кој е вашиот омилен вкус, подготовката на вкусни палачинки за децата или за вас никогаш не било полесно. Joy Апаратот за палачинки е практичен апарат без кабел со кој ќе ги подготвите совршените палачинки, благодарение на нелепливата површина која се загрева за само 20 сек. Димензии: 20см.

Delimano JOY Апарат за палачинки
1.890,00 ден.
Достапно на залиха. Време на испорака: 3 до 5 работни дена.
Јавете ни се на 02 3094-552
Кратко инфо

Чоколаден крем и ореви, крем од ванила и шлаг, мармалад или сос од јаболка. Без разлика кој е вашиот омилен вкус, подготовката на вкусни палачинки за децата или за вас никогаш не било полесно. Joy Апаратот за палачинки е практичен апарат без кабел со кој ќе ги подготвите совршените палачинки, благодарение на нелепливата површина која се загрева за само 20 сек. Димензии: 20см.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Специјална понуда со ПОДАРОК Е-Книга: 25 рецепти за супер ХРАНЛИВИ и ВКУСНИ палачинки. Симнете ја ТУКА:

Подгответе вкусни, тенки палачинки без тава или масло

Кој не сака палачинки? Вкусен десерт, па има ли поубав начин да се почне денот:
Изненадете ги саканите со совршени палачинки за појадок, ручек или вечера.

Само подгответе ја смесата, загрејте го апаратот и почнете со подготовка.

Delimano Joy Pancake Maker

Подгответе и испечете совршено тенки и округли палачинки за само неколку минути. Додадете овошје или јогурт за специјален појадок, со сирење или шунка за ужина или подгответе палачинки за вечерните забави со додатоци по избор. Совршено за сите!

  • Delimano Joy Pancake Maker
  • Delimano Joy Pancake Maker
  • Delimano Joy Pancake Maker
  • Delimano Joy Pancake Maker

Доволно моќен за да подготви палачинка за 20 секунди

Delimano Joy Апаратот за палачинки е практичен апарат за полесно подготвување на палачинки. Има нелеплива подлога - сѐ што треба е да ја допрете загреаната површина во смесата, да почекате 20 секунди и вашата совршена палачинка ќе биде подготвена за гладните усти.

Користете го за подготовка на:

  • тенки палачинки
  • тортилји
  • Блинц (вид палачинки)
  • ролни од палачинки
  • канелони
  • омлети
Delimano Joy Pancake Maker

Палачинки во само три чекори

Delimano Joy Апаратот за палачинки ја прави нивната подготовка лесна и брза, во само три чекор:

  • 1.
    Delimano Joy Pancake Maker

    Подгответе ја смесата и ставете ја во чинијата.

  • 2.
    Delimano Joy Pancake Maker

    Допрете ја загреаната површина од апаратот во смесата.

  • 3.
    Delimano Joy Pancake Maker

    По 15 секунди, превртете ја палачинката.

Практичен, безжичен и моќен

Компактниот дизајн на апаратот и едноставната подготовка ќе ви помогне брзо и практично да подготвите палачинки, без неред за расчистување. Нелепливата површина од 20см е со соодветна големина и брзо се загрева.

Delimano Joy Апаратот за палачинки има 800W моќност, автоматска контрола на температурата и рачка студена на допир. Апаратот брзо се лади и со тоа се продолжува неговата трајност. Безжичниот дизајн го прави овој апарат лесен за користење и не го ограничува движењето. Се вклучува само со притискање на едно копче, а потоа сијаличката ќе ви покаже кога тој е подготвен за употреба.

Delimano Joy Pancake Maker

Нема потреба од масло

Апаратот има нелеплива површина која овозможува подготовка на палачинки без масло, па ќе можете да ги избегнете непотребните калории и масните прсти додека јадете.

Супер лесно чистење - заборавете на масните тави

Штом ќе завршите со јадење, избришете го апаратот со влажна крпа и чистењето е готово. Апаратот има практична големина па нема да се мислите каде да го чувате кога не го користите.

  • Delimano Joy Pancake Maker
  • Delimano Joy Pancake Maker

Добивате:

  • 1x безжичен апарат за палачинки
  • 1x електрична основа
  • 1x пластична чинија за смесата
  • 1 x упатство за употреба
Delimano Joy Pancake Maker
Технички карактеристики
Димензија 20x37,5x8,3cm
Дополнителни информации Упатство за употреба

Ве молиме прочитајте го упатството пред да започнете со употреба и зачувајте го за идни потреби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1. Не ја допирајте жешката површина. Користете ги рачките.
2. За да се заштитите од електричен шок, не го потопувајте кабелот, приклучокот или апаратот во вода или други течности.
3. Потребен е постојан надзор кога се користи во близина на деца.
4. Овој апарат може да се користи од деца над 8 години како и од лица со намалени
физички, сензорни и ментални способности или лица кои немаат искуство и знаење
доколку се под надзор или добиле инструкции за користење на апаратот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењеи одржување на уредот не смее да се изведува од деца освен ако имаат над 8 години и се под надзор.
5. Не се обидувајте да го поправате апаратот самите и овозможете поправките да бидат извршени од соодветно квалификувано лице.
6. Доколку кабелот е оштетен, истиот мора веднаш да биде заменет од авторизиран и
квалификуван сервисер.
7. Употребата на додатоци кои не се препорачани или не се продаваат од страна на
диструбутерот на производот можат да предизвикаат лична повреда или оштетување на имотот.
8. Овој апарат е наменат за домашна употреба, во сув и затворен простор.
9. Пред употреба, ставете го производот на тврда, рамна, стабилна и сува површина.
10. Можна е и сосема е нормална појава на мириси при првата употреба, додека апаратот достигне термална стабилност.
11. Доколку апаратот не функционира како што треба, се здобил со силен удар, паднал, се оштетил, бил оставен надвор или бил потопен во вода, не го користете.
12. Овој апарат не смее да работи или да биде вклучен во струја додека не се користи,
додека ги заменувате додатоците или додека го чистите.
13. Овој апарат не смее да работи на празно, таквата работа може да предизвика дефект и/или повреди на корисникот.
14. Вклучете го во струја која одговара на наведената на производот. Во случај на
несоодветна употреба, може да дојде до откажување на уредот.
15. Овој апарат е опремен со приклучок за заземјување. Ве молиме проверете дали
штекерот во вашиот дом е правилно заземјен.
16. Со цел да избегнете незгода поради несоодветно ресетирање на термичкиот пресек, апаратот не треба да се снабдува со струја преку надворешен уред за работа, како тајмер, или да биде поврзан со коло кое често се вклучува и исклучува.
17. Темелно измијте го и исушете го апаратот пред првата употреба.
18. Не го оставајте кабелот за струја да виси од работ на масата и осигурајте се дека не
допира жешки површини и остри рабови на мебел.
19. Иако уредот е тестиран, неговата употреба и последици се во целост одговорност на корисникот.

Рецензии од купувачи (0 рецензии)

Сè уште нема рецензии за овој производ ...

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star