КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Детска програма

Најдоброто за вашите малечки

Сите родители знаат колку е важен квалитетниот сон за децата. И ние исто така. Затоа, внимателно ги избравме најквалитетните материјали, со прекрасни дизајни, за да го понудиме најдоброто за вашите малечки.

Подреди според Подреди според

9 производ(и)

Затворете

9 производ(и)

Затворете

Дормео Детска програма

Ние го исполнуваме домот со удобност, грижа и хармонија. Општо е познато дека квалитетниот сон и одморот е исклучително важен за секое дете. За време на спиењето телото се обновува и ги полни батериите за авантурите во следниот ден. Ако дететео спие лошо, тоа ја губи својата енергија и продуктивнсот, а неговиот имунолошки систем може да ослабне. Квалитетното спиење, од друга страна, помага во одржување на менталното и физичко здравје, позитивно влијае врз однесувањето, ја зајакнува способноста за концентрација, придонесува за здраво функционирање на имунитетот и на општата благосостојбата.

Ова го знаеме и ние во Dormeo и затоа внимателно одбираме најквалитетни материјали со одлични дизајни и шарени бои, бидејќи вашите најмали заслужуваат само најдобро! Ние нудиме мирен сон на што повеќе деца и возрасни, а со тоа придонесуваме за благосостојба, здравје и среќа на сите нашите клиенти. Затоа, развивањето на квалитетни производи кои се тестирани и сертифицирани од независни лаборатории, е наша мисија која, веруваме дека ја реализираме со посветеност и успешност.

Од самиот почеток, Dormeo како бренд, во својот фокус го има квалтиетниот сон, не само на возрасните туку и на децата. Прозводите наменети за најмладите не се само шарени и пријатни туку и квалитетни и праткични.

Бебешки перници и јоргани треба да се мијат често и да се менуваат на секои 2 години, за да се задржи свежината и хигиената во средината за спиење. Важно е дека постелнината за деца е изработена од високо квалитетни материјали кои не предизвикуваат иритација на кожата или алергии и се правилно проветрени. Користиме најсовремени материјали, пријатни за кожата,  со цел да проидонесеме кон поквалитетно спиење и возбудливи соништа.

Еден од нашите најпопуларни материјали, полнењето со микрофибер Wellsleep®, ги обвива децата со мекост за време на спиењето. Уникатната вкрстена структура на влакната овозможува формирање на мини воздушни џебови, кои го зголемуваат обемот на полнењето. Микрофиберите имаат одлични својства за регулирање на температурата, едвај ја апсорбираат влагата и се добро проветрени, така што јорганот и перницата направени од нив се отпорни на дамки и мувла.

Ние внимателно избираме материјали и се стремиме кон високи стандарди при изборот на најдобрата и најбалансирана комбинација за секој производ. Плишаниот материјал што го користиме главно за производство на играчки е ткаенина изработена од PES влакна: тој е првенствено мек и има изолациони својства. Топол и удобен материјал, кој обезедува играчката да дише и во кој вашите најмали ќе се за заљубат.

Нашата палета е широка и се состои од производи кои нудат комплетно решение за спиење, но и оние што го надополнуваат спиењето. Подарете им на вашите деца совршена постелнина со меко ќебе или перница. Или можеби играчка што може да се справи со сè? Сите детски производи се изработени со акцент на деталите, а  ХОО-ХОО бувчињата со чувства не се само перница со ќебе, туку и весело и пријатно друштво, кое ќе ги научи вашите малечки колку се важни емоциите и како најлесно да ги изразуваат. Плус, зближува преку многу игри и идеи!

Мисијата на нашиот бренд е да го исполнува домот со грижа и хармонија преку добар сон. Ние исто така знаеме дека спиењето е под силно влијание на емоциите. Дајте им на вашите деца производи изработени од разни материјали што се пријатни и заспијте ги во најсладок сон или овозможете им мигови, полни со забава и авантури.

Ненаспани ноќи, кошмари и раздразливи утра, колку и да не се пријатни, се дел од процесот на растење. Како засегнат родител, вие сакате на вашето дете да му го понудите само најдоброто. Во таа ваша мисија не сте сами. Dormeo стои покрај вас. Изберете удобен душек за бебиња, разнобојна постелнина, бебешка перница, бебешко ќебе, со мека мемориска пена, килим за бебиња или слатки плишани фигури и гледајте како тоа се развива во здраво и среќно дете.