- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Овој практичен 2 во 1 душек за бебиња и мали деца, со два различни степени на мекост, држи чекор со развојот на детето. Направен е од антиалергиска Ecocell® пена и доаѓа со слатка превлака што може да се пере, достапна во две бои.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Иновативен, практичен душек кој се адаптира на вашето дете
Детскиот душек Бејби е иновативен, практичен душек кој се приспособува на растот и развојот на вашето дете.
Во првите неколку месеци од неговиот развој, на детето му е потребен поцврст душек, а подоцна, помек.
Токму затоа, Дормео дизајнираше душек кој ќе ги задоволи потребите на вашето дете, од раѓањето, до првите чекори!
Душекот има потврда и помека страна, кои на вашето дете му гарантираат оптимални услови за спиење
На децата им е потребен душек со различни степени на цврстина, во периодот кога интензивно растат. Дормео Бејби е дизајниран така што ќе ги задоволи потребите на телото што расте, во секој степен од развојот на детето.
За да обезбедиме здрав и мирен сон, дизајниравме специјален душек кој ќе придонесе за здрав развој на вашето дете.
- Едната страна од душекот е потврда од другата, затоа што на бебињата им е потребна цврста подлога за спиење, затоа што не можат сами да се вртат и превртуваат. Цврстата подлога за спиење спречува пропаѓање на лицето во душекот, а во исто време гарантира непречено дишење.
- Кога бебето ќе порасне во мало дете, веќе се јавува потреба од помека подлога за спиење. Токму поради оваа причина, другата страна на душекот е помека и се адаптира на движењето на детето, кога тоа се превртува, а се приспособува и на телото што забрзано расте.
Бејби е погоден за:
- Новороденчиња од првиот ден натаму;
- Бебиња до возраст од 6 месеци (на поцврстата страна);
- Мали деца, на возраст од 7 месеци, па натаму (на помеката страна).
- Технички карактеристики
-
Јадро Ecocell® Висина 10 см Двострано јадро Да Дормео линија Grow Дормео програма за деца Материјал Ecocell® Навлака водоотпорно Навлака која се пере Да Цврстина Тврд