- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Овие 6 Dormeo Бувчиња со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секое бувче е високо 33см и може да се користи како мека играчка или перница, со Wellsleep® напредни микровлакна и меко ќебе со кое секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра. Достапни во верзија мајка, татко, син, ќерка, баба и дедо.
Овие 6 Dormeo Бувчиња со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секое бувче е високо 33см и може да се користи како мека играчка или перница, со Wellsleep® напредни микровлакна и меко ќебе со кое секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра. Достапни во верзија мајка, татко, син, ќерка, баба и дедо.
Паметното бувче знае дека прифаќањето на вашите чувства и чувствата на тие околу вас е основа за среќна врска и поздрав, поуспешен живот, заедно со семејство со цврста врска, поддршка и љубов. Токму поради тоа, Dormeo ги претставува новите 6 Бувчиња со чувства, со 3 генерации на шармантни бувчиња за игра, забава и многу повеќе.
Сетот има 3во1 употреба која го прави идеален подарок и другарче за патување. Бувчето е:
Пријатна, мека играчка, познат лик и сакан пријател.
Меко ќебе или пешкир, кое е прекрасно на допир и ве топли.
Перница за спиење на секое место или кога ви е потребна дополнителна удобност, во автомобилот или на пикник.
Сите бувчиња имаат нова, специјално дизајнирана карактеристика - копче на нивните крилја за да можат да се прегрнат. Колку прекрасно. Бидејќи прегратките се најмоќниот израз на љубов.
Семејството е место каде децата учат за светот и за себе. Тие учат вештини кои им помагаат да преживеат и да напредуваат, способност да ги користат нивните сетила и да учат за нивните вредности. Семејството е клучно кога станува збор за здрави личност и цврсти семејства.
Таа ги учи децата за тоа што е правилно а што е погрешно и ги дава најубавите прегратки и бакнежи, особено кога ќе ги изгребате колената по играње надвор.
Таа е многу горда на успесите на своите деца, без разлика колку се тие мали и секогаш ги охрабрува своите мали бувчиња да го прават тоа што го сакаат, без разлика дали тоа е играње фудбал или свирење на тапани.
ТТој ги учи децата да го живеат животот како една голема авантура, ги учи да возат велосипед, да се качуваат на највисоките дрвја и да пливаат во најдлабоките мориња. Исто така, тој знае дека тие понекогаш треба да научат и да пораснат со тоа што ќе направат грешка и да биде нивната безбедносна мрежа кога тие ќе паднат и ќе погрешат.
Исто така, тој постојано внимава на своите мали бувчиња, ги штити од опасности а во исто време ги охрабрува да бидат независни, силни и самоуверени.
Таа сака да ги разгледува старите семејни албуми со фотографии и да им покажува на децата дека животот е најубав кога имаат семејство кое го сакаат и со кога ќе создадат незаборавни спомени.
Таа секогаш го нуди своето рамо на децата, им дава совети или едноставно ги прегрнува и им ги брише солзите, кога бувчињата не се чувстваат добро.
Тој сака да решава крстозбори, сложувалки и да создава предмети од почеток, ги кажува најсмешните шеги, покажува игри и трикови со карти и им пушта нова музика на децата, која всушност е стара музика.
Тие му ги кажуваат сите тајни, бидејќи тој никогаш не им се смее и не ги кажува. Тој е некој на кого секогаш му се восхитуваат, без разлика колку големи ќе пораснат.
Таа има најголема фантазија на светот. Понекогаш, таа пее караоке и се преправа дека снима музичко видео и понекогаш скока на трамболината преправајќи се дека е астронаут.
Таа го учи својот брат на таен јазик со раце кои само тие го разбираат и ужива во доцните разговори кои ги водат во нивната соба, кога мама и тато мислат дека тие спијат.
Тој секогаш е подготвен за забава, особено ако тоа вклучува и валкање на рацете. Обожава играње надвор, безопасни шеги и играње од утре до вечер.
Тој ја учи неговата сестра да се брани и е нејзиниот идол и поддршка. Секогаш ја слуша без да ја осудува и во неа го има најдобриот другар за цел живот.
Dormeo бувчињата - семејество се созададени за да ги научат децата за важноста на семејството. Тие се многу повеќе од слатки и меки играчки со кои децата ќе си играат.
Секое од ова 3во1 бувче има мини верзија од 16см, кое е шармантна и мека играчка, доволно мало за да го понесете секаде со вас и секогаш е подготвено за прегратка. Нели се преслатки?
97% од нашите потрошувачи се многу задоволни со производот*.
* истражувања спроведени на избрани пазари: Хрватска, Чешка, Латвија, Македонија, Романија, Србија, Словачка, анкетирани: 2.052
Дормео линија | Trends |
---|---|
Дормео програма | дневна соба |