Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Душеци

Дормео ја буди хуманоста

Со секое купување на душек, донирате 500 денари за обезбедување Дормео производи за атлетите на Специјалната Олимпијада.

Подреди според Подреди според

15 производ(и)

Затворете

15 производ(и)

Затворете

Дормео душеци

Здравиот и целосен сон е многу важен за секого, бидејќи не само што сочинува една третина од нашите животи, туку влијае и на нашата благосостојба и перформанси во текот на денот. Но, да се постигне благосостојба, во ситуација кога вашиот душек е дотрајан или неквалитетен, е значајно потешко, посебно кога цела ноќ барате пријатна позиција, за да заспиете. Затоа, со купувањето на квалитетен душек од Dormeo, значително придонесувате кон вашиот удобен живот воопшто.

Со оглед на тоа што денес на пазарот има широк избор на душеци, од најразлични прозиводители и со најразлични материјали, многу е важно, пред да донесете одлука за тоа каков душек ви е потребен, да обрнете внимание на неколку аспекти.

  1. Материјалите од кои е направен – Еластичноста на материјалите и јадрото на душекот овозможуваат правилна ергономска положба на телото. Ова ги спречува болките во грбот, вратот и рамената;
  2. Анти-алергени својства – дали избраниот душек може да ве заштити од алергии и бактерии?
  3. Микро-циркулација на воздухот – рамнотежа на влажноста и топлината на душекот. Ова влијае врз чуството на пријатност
  4. Дали производителот нуди повеќегодишна гаранција на јадрото на душекот
  5. Дали е обезбеден тест период – особено важен аспект, бидејќи нуди опција, доколку не сте задоволни, да го вратите душекот и да го добиете назад целиот уплатен износ.

Високата цена на душекот не секогаш ја оправдува потребната удобност.

Од друга страна, пак, понудите со пониски цени, не ја нудат потребната помош со сервисирање и практични совети за одржување. Затоа ние во Dormeo решивме да понудиме оптимален сооднос меѓу цената и квалитетот на душеците и да ви понудиме револуционерни производи по привлечни цени, со предности што другите, поскапи душеци на пазарот ги немаат. Што е револуционерно кај нашите душеци? Нашите душеци се најпрво резултат на долгогодишни истражувања. Како резултат на тоа, секој душек на Dormeo:

  • Не само што е анатомски туку и ортопедски,
  • Има посебна заштита од карбонски влакна
  • Оптимален проток на воздух, и
  • Изработен е од еколошки материјали

Во нашата понуда на Dormeo душеци има опции за сите членови на семејството. За најмладите  нудиме душеци со тврда површина и подлога од пена Ecocell®. Овие душеци ги препорачуваат лекарите за безбеден сон на бебињата. Водоотпорен капак од вискоза со антибактериска импрегнација CleanEffect®, што лесно се отстранува и мие, ќе помогне да се одржи душекот во добра состојба долго време и да не се собира нечистотија.

За возрасните членови на семејството, изборот на цврстина на душекот е поголем, во зависност од потребите и преференциите од мек до поцврст. Различни степени на цврстина и дизајн на секоја страна од душекот, 3 потпорни зони за максимална удобност на главата, рамената, нозете и бутовите, сите со иновативна заштита од прашина, бактерии, мириси и грини за прашина. Специјално избраните материјали и конструкцијата на душеци овозможуваат слободно циркулирање на воздухот, обезбедувајќи пријатна температура за спиење и во лето и во зима.

Веб-страницата нуди широк избор на различни големини на единечни и двојни душеци за различни опции на кревети. При избор на душек, со цел да ја почувствувате удобноста на истиот, водете сметка дека треба да биде малку поголем од висината на вашиот кревет. Кога купувате Dormeo душек преку Интернет, неможете да направите грешка при изборот, затоа што официјално ќе имате 100 дена пробен период, за да се вљубите во вашиот нов душек или да си ги добиете парите назад. На крајот од овој период, кога меморискиот ефект на душеците ќе ги запомни сите ваши удобни положби за спиење, ќе имате уште 15 години гаранција дека нашите производи нема да ве изневерат.