КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Перници

Перници

Нашите перници ќе ви обезбедат поддршка и ќе се чувствувате како да спиете на облаци. Разгледајте ја целата понуда и изберете ја вистинската за вас.

Подреди според Подреди според

Производи 1-17 од 41

Затворете

Производи 1-17 од 41

Затворете

Дормео Перници

Изборот на квалитетна перница е важен, бидејќи тоа влијае на квалитетот на спиењето и благосостојбата воопшто. Неквалитетните перници можат да предизвикаат болки во вратот и грбот, неудобно спиење, што резултира во ненаспаност, анксиозност, пад на имунитетот и продуктивноста и конечно, влошено лично здравје. За да имате квалитетен и здрав сон и да се чуствувате наспани и со полни батерии, се препорачува да ја менувате вашата перница на секои 2 години.

Кога треба да ја смените вашата перница?

Доколку вашата перница е постара од 2 години, дури и да нема видливи оштетувања, се препорачува да ја замените со нова. Болките во вратот и ‘рбетот се типичен показател дека ви  треба замена со нова. Заради дотраеното полнење, таа не може да обезбеди правилна положба на вратот, што резултира со појава на болки во грбот и ‘рбетот. Исто така, прашински грини, бактерии, мувла и пот креираат нездрава средина и можат да предизвикаат појава на алергии и астма. Доколку почувствувате непријатен мирис кај вашата перница, тоа е сигурен знак дека е време да ја смените. И конечно доколку не успевате да заспиете, и се превртувате цела ноќ, можеби е време вашиот сон да го побарате во нова и поквалитетна перница.

Како да се избере вистинската перница ?

Добрата перница треба да задоволува повеќе критериуми, за да може вистински да ви овозможи удобност и чувство на наспаност. Квалитетната перница треба:

  • Да го држи ‘рбетот во правилна положба
  • Да ви овозможи поддршка при спиењето, независно од положбата
  • Да биде отпорна на прашински грини
  • Да биде удобна и флексибилна

Во нашето портфолио, можете да најдете најразлични перници, кои се разликуваат по дизјанот, материјалите и димензиите. Можете да ја одберете вистинската перница, земајќи ги во предвид следниве фактори: формата на перницата, положбата на спиење, видот на полнењето и медицинските проблеми, доколку се соочувате со такви.

Кој материјал е подобро да се избере?

Денес, различните материјали се едноставно неверојатни и тешко е да се каже дека само природен памук или свила ќе биде најдобриот избор. Современите висококвалитетни синтетички материјали имаат поголема јачина и пропустливост на воздухот, покрај тоа, тие брзо се сушат, така што тие не креираат поволна средина за раст на бактериите. Ткаенината на перницата треба да биде густа, хомогена и со прави рабови. Само на овој начин полнењето ќе ја задржи својата конзистентност и перницата ќе ја задржи својата форма.

Какво полнење е подобро?

Денес, производителите го користат и класичното полнење со пердуви и посовремени синтетички полнила или полиуретанска пена, со мемори ефект. Синтетичките влакна се погодни за луѓе со алергии, бидејќи не акумулираат влага и штетници. По изборот на полнењето, тестирајте ја еластичноста со притискање на раката. Квалитетното полнење овозможува враќање на формата за 3-5 секунди. Потоа земете ја перницата за еден од рабовите и протресете ја. Ако имате полупразен раб во вашите раце, тогаш таквата перница има недоволно полнење и за време на спиењето ќе ви биде непријатно.

Како е различна анатомската перница од обичната?

Анатомските перници се изработени од висококвалитетна мемори пена, која целосно ги поддржува контурите на главата и вратот и помага да се релаксираат мускулите за време на спиењето. Одлично за секој што спие на страна или на грб. Материјали од кои е изработена анатомската перница дишат, овозможувајќи полесна циркулација на воздухот. Со цел креирање на пријатно место за спиење и комплетирање на вашата спална соба, ве охрабруваме да ја погледнете нашата палета на јоргани и постелнина, која ќе ги импресионира и најпребирливите.