Rovus Victor Vac Повеќенаменска правосмукалка
Rovus Victor правосмукалката има 3 различни функции во 1 апарат: суво всмукување, всмукување на течности и функција за надувување, што ја прави идеална за беспрекорно чистење на вашиот дом. Комбинацијата на водена филтрација и ХЕПА филтер ги заробува сите алергени и ви обезбедува чиста и здрава средина за вас и вашето семејство.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Дополнителни информации
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Rovus Victor правосмукалката има 3 различни функции во 1 апарат: суво всмукување, всмукување на течности и функција за надувување, што ја прави идеална за беспрекорно чистење на вашиот дом. Комбинацијата на водена филтрација и ХЕПА филтер ги заробува сите алергени и ви обезбедува чиста и здрава средина за вас и вашето семејство.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Комплетно решение за почист и поздрав дом
Кога станува збор за чистење, многу е важно да имате ефикасна правосмукалка. А доколку патите од алергии, тогаш знаете колку е значајно длабинското чистење и системот за филтрација.
Со Rovus Victor, повеќенаменската правосмукалка која работи на вода, вие многу лесно и брзо ќе се справите со секој неред во домот, без оглед на тоа дали станува збор за нечистотии, прашина или истурена течност. Оваа правосмукалка е комплетно решение за чистење затоа што е комбинација од 3 функции, и тоа:
- Суво всмукување
- Всмукување на течности
- Додаток за надувување
Сега, лесно можете да ги менувате функциите од една на друга за максимален ефект на чистење.
Суво всмукување со моќта на ХЕПА филтерот и водената филтрација
Со Victor Vac правосмукалката вашиот дом ќе биде поздрава средина за вас и вашите најблиски. Благодарение на системот кој вклучува водена филтрација и ХЕПА филтер, Victor Vac обезбедува најдобра грижа за вас и вашето семејство затоа што ви помага да ги филтрирате сите алергени и нечистотии од домот.
Оваа правосмукалка ги заробува алергените и честичките прав од воздухот во водата, и не дозволува да се вратат назад во воздухот. Со Rovus Victor можете да ја исчистите секоја површина: од ситна прашина и трошки, до влакна од домашни миленичиња.
Всмукување на течности
Сите знаеме дека, особено кога имате мали деца дома, секјдневно се истураат работи на подот. Токму за оваа намена, Rovus Victor правосмукалката има четка со сунѓер со чија помош брзо и едноставно ќе ги соберете сите течности од подот.
Без оглед на тоа дали во бањата ќе ви се истури кофа полна со вода, во кујната децата ќе ги истурат млекото или сокот, или пак гостите невнимавајќи ќе ги истурат пијалоците, Victor Vac е брзо и ефикасно решение.
Функција за надувување / замена за воздушна пумпа
Rovus Victor има вграден додаток за надувување. Се што треба да направите е да го поврзете цревото со отворот за излез на воздух, да го поврзете додатокот за надувување, вклучете ја и почнете.
Оваа функција е идеална за брзо и едноставно издувување на листови и нечистотии од пукнатините или пак за надувување на душеци и базенчиња.
Victor Vac е идеален за секоја задача
Victor Vac е идеална правосмукалка за употреба во отворен и затворен простор:
-
Тркала и 5м. долг кабел кои ја прават соодевтна за едноставен транспорт низ домот.
-
15л. провиден резервоар за вода низ кој ќе можете да видите колку е всушност Victor правосмукалката ефикасна и уште колку вода има останато во резервоарот.
-
Неколку помали четки и додаток за пукнатини. За чистење на мебел, душеци, рамки за слики, тавански делови па дури и тесен простор во вашиот автомобил.
-
Без запушени филтри, ќеси со прашина и нечист воздух – се што треба да направите е да ја истурите нечистата вода и повторно да го наполните резервоарот.
- Дополнителни информации
-
Сетот вклучува:
- Victor Vac повеќенаменска правосмукалка
- Црево
- Цевка од 2 дела
- Четка за под
- Четка со сунѓер
- 2 помали четки
- Додаток за пукнатини
- Додаток за надувување
- Технички карактеристики
-
Дополнителни информации Моќност: 1200W,
Напон: 230V/50HZ
Бучава: <82 dB