КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Активности за вљубени кога сте болни

Во сезоната на грипови и настинки постојат добри шанси да се разболите, заедно со вашиот партнер. А, кога ќе се разболите, сигурно не се чувствувате секси, што не значи дека романсата не може да продолжи. Искористете го времето што ќе го поминете заедно дома за некоја од следните активности.

Во сезоната на грипови и настинки постојат добри шанси да се разболите, заедно со вашиот партнер. А, кога ќе се разболите, сигурно не се чувствувате секси, што не значи дека романсата не може да продолжи. Искористете го времето што ќе го поминете заедно дома за некоја од следните активности.

1. Филмска вечер

Нема ништо подобро гледањето добар филм, на каучот, со партнерот, под ќебе, со шолја топол чај. Облечете ги омилените пижами, пуштете си добар филм. Гарантирано ќе се чувствувате подобро по некое време.

2. ТВ маратон

Дали имате омилена серија што сакате да ја гледате заедно со партнерот? Кога болеста ќе нападне и нема да можете да отидете на работа, седнете пред телевизорот и изгледајте цела сезона од омилената серија. Ако таа серија е комедија , уште подобро, бидејќи смеата е најдобриот лек.

3. Готвење

Кога сме болни, сите сакаме добра супа, која ни помага во олеснувањето на симптомите. Наместо да варите супа од кесичка, направете домашна супа. Извадете ги состојките од фрижидерот, сместете се во кујната и гответе заедно. Додека јадењето биде готово, ќе имате доволно време да поразговарате.

4. Домашен состанок

Само затоа што сте болни и не можете да излегувате, тоа не значи дека не може да си направите состанок во домашни услови. Сместете се удобно крај грејното тело (ако имате камин, романтичната атмосфера ќе биде загарантирана!), постелете ќебе, ставете перници околу себе, земете ја храната на подот и искористете го времето за интимни разговори.

5. Терапија со пареа

Изложеноста на топлина помага при олеснување на симптомите. Соблечете се голи и влезете под туш или пак направете си топла бања. Уживајте во интимната атмосфера...