КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали се препорачува бебиња да спијат на перница?

Не е воопшто чудно дека родителите се запрашуваат дали на нивните бебиња ќе им биде поудобно доколку спијат на перница. Вистинскиот одговор на ова прашање зависи од тоа колку е старо бебето и површината на која што спијат.

Не е воопшто чудно дека родителите се запрашуваат дали на нивните бебиња ќе им биде поудобно доколку спијат на перница. Вистинскиот одговор на ова прашање зависи од тоа колку е старо бебето и површината на која што спијат.

Ако вашето бебе е помало од 2 години, тогаш не се препорачува користење на перница. Бебе кое е помало од 2 години нема потреба од поддршка на главата и постои ризик дека бебето ќе се задуши додека спие поради перницата.

Исто така, ако започне да оди или е немирно перницата многу лесно ќе му помогне да излезе од креветчето, а со тоа и да се повреди и да падне.

Специјалистите дури и препорачуваат да не се користи перница доколку бебето е помало од 2 години. Дури и во случаи кога бебето е постаро не мора да значи дека треба да спие на перница.

Ако одлучите дека вашето бебе треба да спие на перница тогаш не заборавајте дека таа треба да е специјално направена за да ги задоволи неговите потреби и не го ставајте да спие на која било перница од вашиот дом. Таа треба да биде релативно цврста за главата на бебето да не пропадне и да не се задуши во текот на ноќта.

Исто така треба да биде помала од обичните перници за возрасни и лесно да може да се пере. Доколку бебето страда од алергии тогаш дефинитивно треба да набавите анти-алергиска перница.

Ако се двоумите дали е вистинското време да му купите перница на вашето бебе најдобро е да се советувате со стручно лице кое ќе ви помогне да ја направите вистинската одлука.