КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да го поминете денот после непроспиена ноќ

Постојат многу причини зошто сте останале будни: можеби сте имале бурна ноќ со пријателите и едноставно не сакавте да си одите дома или пак имате настинка и цела ноќ не можевте да заспиете, а можеби проблемот беше несоницата.

Дали имавте долга вечер? Што понатаму?

Постојат многу причини зошто сте останале будни: можеби сте имале бурна ноќ со пријателите и едноставно не сакавте да си одите дома или пак имате настинка и цела ноќ не можевте да заспиете, а можеби проблемот беше несоницата.

Без разлика на причината – сега е нов ден и треба да се соочите со него. Која е стратегијата за преживување?

Чекор 1: Умерена количина на кофеин

Сите знаеме дека кафето може да нè разбуди, да нè освежи и да ни помогне да ги извршиме секојдневните обврски откако цела ноќ сме останале будни. Умерена доза на кофеин може да ви помогне, но нè се препорачува да претерате со кафето.

2 шолји се доволни

Експертите ве уверуваат дека две шолји кафе се оптимална доза за вашето тело. Таа количина ќе ве разбуди и ќе ве освежи, но со третата шолја кафе голема е веројатноста дека ефектот нема да биде видлив.  Доколку претерате со кафе ефектот може да биде спротивен, а тоа сигурно нема да ви помогне мирно да го поминете денот после бурната ноќ.

Истото се однесува за сите пијалаци кои содржат кофеин, како што се енергетските пијалаци или пак црниот чај. Умерена доза ќе ви помогне, но не претерувајте.

Чекор 2: Избегнувајте шеќер

Кога сте уморни и поспани, еден ред чоколадо изгледа како многу добра идеја. Можеби на прв поглед да, една доза шеќер ќе ви помогне и ќе ви даде енергија.

Проблемот е она што доаѓа после шеќерот

Бранот на енергија нема долго да трае, а откако ефектот ќе заврши тогаш доаѓа уште поболно искуство. Ако сте веќе целосно исцрпени, овој дополнителен пад со сигурност ќе ја доведе вашата продуктивност на нула.

Наместо тоа, консумирајте хранлив, здрав оброк

Ваквиот оброк ќе ви даде енергија за цел ден. Пилешката салата е одличен избор за денот после непроспиената ноќ. Исто така може да одберете риба, јајца или некој друг зеленчук.

Избегнувајте ги едноставните јаглехидрати

Откажете се од едноставните јаглехидрати, како што се тестенините бидејќи ќе го добиете истиот ефект како и со чоколадото. Ако едноставно не можете да се откажете од тоа да јадете нешто слатко, тогаш земете овошје. Шеќерот во овошјето ќе има подобар ефект од чоколадото.

Чекор 3: Паузирајте

Ако не сте спиеле доволно, ќе ви биде многу тешко да се сконцентрирате на обврските, па затоа редовните паузи се многу важни. Најдобро е да имате кратка прошетка на воздух. Ќе ве освежи и ќе ви даде сила за да продолжите со обврските.

Вежбајте

Умереното вежбање исто така е одлична идеја. Секоја физичка активност ќе го разбуди вашето тело и ќе би даде сила за да продолжите со денот. Но бидете внимателни, ако навистина сте уморни, тогаш вежбата нека биде кратка и едноставна, инаку може да се повредите.

Дремнете

Ако можете да си дозволите, најдобрата идеја е квалитетна кратка дремка. Ви треба само половина час, ова е доволно да ги наполните батериите и да продолжите со денот.

Трик: Пред да дремнете напијте се кафе

Експертите советуваат: напијте се шолја кафе и веднаш дремнете. Ќе ви ги наполни батериите и ќе се разбудите на време за вашето тело да може да го почувствува ефектот од кофеинот кој го внесовте пред да дремнете.

Чекор 4: Имајте едноставен ден  

Ако имате важен состанок со вашите одговорни и сл., голема е веројатноста дека не може да го откажете, но вашиот ден може да биде поедноставен на други начини. Намалете го бројот на обврските и направете и го денот што е можно попријатен.

Подобро квалитет, отколку квантитет

Ако имате премногу обврски, може ќе ви биде тешко да ги извршите сите, а дури и ако ги направите сите тогаш нема добро да ги завршитеI. Подобро е да ги извршите оние кои ви се приоритет и да ги завршите добро. Сè друго оставете за наредниот ден кога повторно ќе бидете во форма.

Чекор 5: Спијте повеќе

По исцрпувачкиот ден, најверојатно единственото нешто кое ќе сакате да го направите откако ќе си дојдете дома е да спиете. Ова е целосно разбирливо, но бидете внимателни да не го нарушите секојдневниот ритам на вашето спиење.

2 часа се повеќе од доволно

Секако е дека ќе сакате да спиете повеќе од вообичаеното, но нè претерувајте. Ако спиете два часа повеќе од вообичаеното ќе биде доволно за целосно да се опуштите и повторно да бидете во форма.

Одржувајте го вашиот биоритам

Многу е важно да не го нарушувате ритамот на вашето спиење. Иако ќе сакате веднаш да си легнете, подобро е да го прескокнете искушението. Ако веднаш си легнете, ќе се разбудите премногу рано и ова ќе има негативен ефект на вашиот сон. Пробајте да останете будни и легнете си два часа порано од вообичаеното време.