КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да заспиете по пиењето кафе

Полека се ближи полноќ. Утре имате напорен ден, а пред само неколку часа сте испиле огромна шолја кафе и едноставно не можете да заспиете. Дали ова ви звучи познато? Секому може да му се случи. Но, и покрај тоа, постои начин да заспиете. Едноставно следете ги овие чекори.

1. Создадете мирно опкружување

Кофеинот ги направил вашите сетила побудни и ќе ви биде потребен особен напор за да ги смирите. Задолжително создадете мирно опкружување, без какви било дополнителни стимуланси или возбуда. Исклучете ги телевизорот, радиото, компјутерот, па дури и телефонот. Исклучете го светлото и спуштете ги ролетните. Направете колку што можете порелаксирана атмосфера.

2. Одвојте малку време за бавни вежби

Општо познато е дека физичката активност гарантира добар сон. Но, од друга страна интензивните вежби не треба да се практикуваат премногу блиску до времето за спиење. Затоа, во случајот треба да изведете нежни и бавни вежби, кои ќе ги завршите со долго растегнување на мускулите. Оваа активност ќе ве опушти и ќе ви помогне да заспиете.

3. Испијте чаша топло млеко

Можете ли да се сетите на подобар момент да го испробате овој стар совет за добар сон? Течноста ќе гарантира дека нема да дехидрирате и покрај вежбите, а топлото млеко содржи супстанци кои ќе ве смират и ќе ве направат поспани.

4. Активен одмор за мозокот

Телото веќе ви е релаксирано и успешно сте ги елиминирале сите стимуланси од опкружувањето. Ви останува уште да го смирите мозокот. Прво, престанете да мислите на времето, колку часа ќе спиете, дали ќе се наспиете, итн. Потоа започнете да читате. Најдете нешто интересно, но не премногу возбудливо. Исто така, важно е материјалот да не биде поврзан со работа или студии, туку нешто наменето само за да ве опушти.

Штом ќе почувствувате поспаност, спуштете ја книгата и затворете ги очите. Ако веднаш заспиете, одлично. Ако не, држете ги очите затворени и замислете си некоја прекрасна слика што ќе ве опушти. Размислувајте за убавината...