КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како смартфонот ви ја уништува врската

Дали некогаш ви се случило толку да се загледате во својот смартфон, во нешто што е многу важно и мора да биде прочитано токму во тој момент што не сте забележале дека партнерот се обидува да воспостави физички контакт или има потреба од интимност? Ако одговорот е да, тогаш не сте сами.

Погледнете се сами, но и сите околу вас следниот пат кога ќе излезете некаде.

Паровите седнуваат на вечера во ресторан и двајцата гледаат во електронските уреди, наместо еден во друг. Или уште полошо, едниот од нив зборува додека другиот пишува пораки. Често се случува родителите да користат некој електронски уред додека зборуваат со нивните деца. Можеби сето ова звучи старомодно, но модерната технологија толку навлезе во нашите животи што самото присуство има сериозни импликации врз врските. Размислете колку од оние „празни“ моменти кои сте ги минувале со семејството, пријателите или колегите, во неврзан муабет, шегување или едноставно иритирање еден со друг, сега веќе не постојат, бидејќи секој од вас е задлабочен во својот електронски свет и никој не ги забележува луѓето околу него, освен ако е присилен на тоа. Некои луѓе велат дека тоа е мала цена за можностите што ни ги дава технологијата, иако не гледаат дека технологијата сосема ја елиминира потребата за директен контакт со другите луѓе, правејќи ја виртуелната интеракција поприфатлива варијанта. Основата на секоја здрава романтична врска е перспективата за навремените реакции на вашиот партнер, т.е. помислата дека партнерот го сфаќа она што го кажувате, разбира како се чувствувате, ги познава вашите потреби и навремено реагира кога имате потреба од поддршка. Во денешно време, многу нешта од електронската сфера го попречуваат нормалното функционирање на паровите, вклучително: пишување пораки среде разговор, читање спортски вести, пишување статус на Фејсбук среде секс и сл. Ваквите одвлекувања на вниманието може да се толерираат до одреден степен. Потоа, сосема нормално е партнерите да се оддалечат еден од друг...

Ако сакате да проверите дали технологијата влијае врз вашата врска или не, обидете се со следниве експерименти:

-Лесно: Без електронски уреди каде што јадете со партнерот, без разлика дали тоа е дома или кога излегувате. Дозволен е само разговор меѓу вас. -Средно: Без електронски уреди во спалната соба, освен можеби читачи за електронски книги. Можете да читате книги, но нема мејлови, нема Фејсбук, нема Твитер. Можете ли да издржите? -Тешко: Викенди без технологија – ви останува повеќе време за поврзување со вистински луѓе, а помалку време за електронските посредници. Нема пораки, нема телефонски повици. Наместо тоа, отидете на прошетка или на трчање. Проверете колку долго ќе издржите.