КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да им оддадете почит на најзначајните жени

Денес е празникот на жената и доколку имате потешкотии со идеите во врска со подароците, ви нудиме неколку идеи како да им оддадете почит на најважните жени во вашиот живот, без разлика дали се работи за вашата мајка, баба, сестра, девојка или сопруга – она што е заедничко за сите е што уживаат во посветеното внимание.

Денес е празникот на жената и доколку имате потешкотии со идеите во врска со подароците, ви нудиме неколку идеи како да им оддадете почит на најважните жени во вашиот живот, без разлика дали се работи за вашата мајка, баба, сестра, девојка или сопруга – она што е заедничко за сите е што уживаат во посветеното внимание.

Појадок во кревет

Ништо не го покажува вниманието како подготвувањето подарок во кревет, на голем послужавник. Згответе го нејзиниот омилен појадок, исцедете свеж сок од портокал и во мала вазна ставете свежо цвеќе. По рабовите од послужавникот ставете мали подароци (или мали чоколатца во специјални пакувања).

Одведете ја на патување

Таа секако ќе биде изненадена и воодушевена, не само од патувањето, туку и од времето што ќе може да го помине со вас. Патувањето може да биде куса, еднодневна екскурзија на некое блиско, убаво место или пак да биде споено со викендот (доколку имате можност) и да ја одведете на една поопсежна прошетка.

Изненадна посета

Ако некоја специјална жена во вашиот живот живее далеку, изненадете ја со ненајавена посета. За овој план, секако ќе ви биде потребен соучесник, кој ќе го координира вашето време со нејзиното (не би сакале да патувате стотици километри, а дури кога ќе пристигнете да откриете дека таа заминала некаде).

Испратете подароци

За сите жени кои се одговорни за постоењето на вашите омилени луѓе од опкружувањето (нивните мајки) испратете честитки, подароци, цвеќиња или она што мислите дека е соодветно како подарок за секоја личност одделно.

Патување до мајчиното срце

Иако ова е ден на сите жени, сепак, мајките се најважни, од проста причина што без нивното постоење, немало да постоите ниту вие. Никогаш не заборавајте да направите вашата мајка да се чувствува посебно. Смислете нешто извонредно, нешто што таа ќе го помни долго време по празникот. На пример, купете голема кутија, завиткајте ја како подарок, но внатре оставете само едно ливче на кое ќе има инструкции како да си го пронајде подарокот. Згответе вечера. Соберете го целото семејство. Направете го она што вашата мајка најмногу го посакува – сепак, никој не ја познава подобро од вас.