КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Подароци за добра ноќ

Сега е време да размислите како може да му го олесните некому животот со помош на мала финансиска  инвестиција. Подароците се повредни од кошница полна со здравје!

Сега е време да размислите како може да му го олесните некому животот со помош на мала финансиска  инвестиција.

Подароците се повредни од кошница полна со здравје!

Кошница полна со здравје е кошница полна со свежо овошје кое изобилува со витамини. Здравата исхрана е најважна за вашето здравје, но добриот сон е уште поважен. Невозможно е да имате добар сон без добра перница. Перницата не само што е дел од средината за спиење, кој мора да се менува доволно често. Секоја ноќ таа е мокри од нашата пот, ретко ја переме, се сплескува и за кратко време станува совршено место за прашински грини и бактерии. Исто така станува предмет кој го измачува нашиот врат.

Треба да ја менувате перницата на секои пет години. Најдобрата опција се перници кои може да се перат или кои се направени од материјали кои не привлекуваат прашински грини и бактерии.

Посребрените влакна во горниот дел од перницата имаат позитивно влијание на нашата кожа затоа што го поттикнуваат процесот на закрепнување и перницата долги години е чиста.

Која е соодветната положба во кревет?

Кога лежиме во кревет нашиот врат треба да е во права линија и паралелен со душекот. Тоа не е лесно да се постигне благодарение на контурите на нашето тело. И затоа се создадени анатомските перници. Тие се дизајнирани за да го држат вратот во идеална линија со ‘рбетот без разлика во која положба спиеме. Екоцел пената е материјал кој е совршен за производство на анатомски перници бидејќи е цврст, а истовремено и флексибилен. Јадрото кое е направено од Екоцел пена е најчесто обложено со слој мемори пена која е мека на допир. Во однос на цврстината на перницата, дури и најдобрите традиционални перници мора да се прилагодат за да може да ги задоволат потребите на различни луѓе. Полнењето може да се извади или да се додаде за да може да тестираме што е најудобно за нас. Ако нашите потреби се сменат ние може да продолжиме да спиеме на истата перница – едноставно ќе ја прилагодиме на нашите потреби.

Подарокот за добар сон е најдобриот и најпрактичниот подарок!

На сите им треба добар сон за да ги наполниме батериите. Затоа перниците се идеални, практични и се најкорисниот подарок кој некој може да го добие. Истото важи и за навлаките. Најдобриот избор е навлака од два слоја кој начесто се состои од два посебни дела од кој еден е подебел и потопол. Тој дел најчесто се користи во зимските месеци, а другиот дел е потенок и може да се користи за време на потоплите месеци. Друго паметно решение се и навлаките за душеците кои може да го подобрат квалитетот на душекот. Најдобрите навлаки на душеците се направени од Екоцел пена, мемори пена или посребрени влакна кои ќе му  дадат  поддршка на вашето тело и ќе ја заштитат вашата кожа. Ова се подароци кои може да почнете да ги користите од првиот ден и дека ќе продолжите да го користите долги години – подарете им ги на оние кои ги сакате.