КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Направете ги овие празници посебни и подарете нешто посебно

Секогаш постои тензија кога сите се собрани околу новогодишната елка и чекаат да се отворат подароците. Но штом тоа ќе се случи магијата веднаш ќе исчезне: сите повторно ќе добијат чорапи и слатки! Сакате овие празници да бидат посебни? Ако навистина сакате да ги изненадите вашите пријатели и семејството, еве 7 креативни идеи за тоа како да ги направите овие празници посебни и поразлични....

Секогаш постои тензија кога сите се собрани околу новогодишната елка и чекаат да се отворат подароците. Но штом тоа ќе се случи магијата веднаш ќе исчезне: сите повторно ќе добијат чорапи и слатки! Сакате овие празници да бидат посебни? Ако навистина сакате да ги изненадите вашите пријатели и семејството, еве 7 креативни идеи за тоа како да ги направите овие празници посебни и поразлични....

Еднодневно патување за целото семејство

Заборавете на купони за релаксирање во спа центар за мајката, карта за концерт за братот/сестрата и заборавете на ветувањата дека следната недела ќе ги однесете децата на риболов. Празниците се создадени за да ги поминете со семејството, а такви треба да бидат и подароците. Зошто да не го изненадите семејството со еднодневно патување? Не мора да биде ништо специјално, не мора да изнајмите хеликоптер или да одите во странство, доволно е отидете во соседниот град и да поминете квалитетно време заедно.

Домашен фитнес центар

Уморни сте од тоа да го гледате сопругот како секоја вечер мрзеливо седи пред телевизорот? Уморни сте од тоа да ги гледате децата како постојано го поминуваат слободното време пред компјутер, играјќи игри? Ние ви даваме одлична идеа за празничен подарок – направете едноставен мал фитнес центар во сопствениот дом, купете фитнес реквизити кои ќе им се допаднат на целото семејство и забавувајте се и бидете здрави во исто време.

Електрична мелница за бибер

Секој има потреба од добра мелница за бибер. Покрај солта тој е најважниот зачин во секое домаќинство. Но понекогаш готвењето може да биде здодевно, а електричната мелница за бибер може да биде она што ќе го направи поинтересно.

Правосмукалка - робот

Правосмукалка – робот е навистина одличен 2 во 1 подарок. Нема да треба  да поминувате многу време чистејќи и малото електронско пријателче ќе ве забавува додека вие одмарате или гледате телевизија. Купете правосмукалка – робот и подарете слобода.

Телескоп

Не постојат многу работи кои се поубави од гледање во магичното небо полно со ѕвезди. Тој поглед може да се разубави со помош на едно парче технологија: телескоп. Одличен подарок и за млади и за постари лица, кои сакаат да истражуваат и се релаксираат по напорниот ден.

Кутија за накит

Секој жена која има накит знае дека многу брзо две парчиња стануваат едно. Жените кои имаат и носат накит знаат колку е тешко да се најде она што е потребно во моментот кога се брза. Затоа ние понудивме едноставно решение – кутија за накит, може да ја направите и самите па подарокот ќе има уште поголема вредност.

Спомени од детството

Празниците се секогаш најубави низ очите на децата, па затоа сите подароци , дури и ако се наменети за возрасни треба да имаат цел да ги вратат оние чувства на исчекување и радост. Дали знаете точно која играчка ја сакал вашиот сопруг кога бил дете? Што сакала да носи сестра/брат ви кога бил тинејџер? Кое му било омиленото хоби на татко/мајка ви? Ете, одлична идеа за најдобриот подарок