КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што не смеете да правите ако сакате здрав сексуален живот

Голем број парови што на почетокот имале здрав сексуален живот, по некое време доаѓаат до врска во која сексуалниот живот едвај постои. Доколку не сакате и вам да ви се случи истото, треба да ги избегнувате следниве нешта.

Негативен однос кон сексот

Негативните мисли за сексот можат да потекнуваат од повеќе извори (детство, религија, минати сексуални искуства итн.) и тие најчесто силно влијаат врз сексуалниот живот. Некои луѓе мислат дека сексот е грев или нечиста работа, а некои се срамат од своето тело. Ако сте еден од овие луѓе, потрудете се да ги надминете негативните мисли, бидејќи не само што сексот не е грев, туку сите доктори се согласуваат дека е исклучително здрав. Сексот е одличен за кардиоваскуларниот систем, го намалува стресот и ви помага да го зајакнете имунолошкиот систем. За да развиете поздрав однос кон сексот, подобрете ја комуникацијата со партнерот и заедно работете на проблемот.

Фокусирање само на изведбата

Ако во текот на сексот постојано размислувате дали ги правите вистинските нешта (дали се движите како што треба; дали ги испуштате правилните звуци итн.), си додавате дополнителен притисок што негативно влијае врз сексуалноста и на крајот ќе доведе до катастрофа. Треба да запомните дека ничие тело не е совршено и не функционира совршено при секој сексуален однос. Ако очекувате совршена изведба секојпат, сигурно ќе се разочарате. Важно е да се опуштите и да се препуштите на задоволството. Вашиот партнер ќе знае да го цени тоа.

Не зборувате за секс со партнерот

Изненадувачки е колку многу луѓе немаат проблем со сексуалниот чин и постојано се интимни со партнерот, а имаат огромен проблем да зборуваат за сексот. Ако ви е доволно удобно за да имате секс, треба да ви биде удобно и да зборувате за тоа. Разменете ги интимните мисли, зборувајте за фантазиите и фетишите и можеби ќе се изненадите од тоа колку се слични вашите мисли кои никогаш дотогаш не сте ги откриле.

Сексот не ви е приоритет

За голем број парови сексот не претставува приоритет. Уште полошо, кај некои парови дури ни врската не е приоритет. Работата, семејството и други обврски секогаш доаѓаат погоре на листата на приоритети. Но, ако сакате врската да ви трае со децении и „засекогаш среќно да си живеете“, тогаш мора да вложите многу повеќе во врската и пред сѐ во сексот, кој претставува темел на интимноста помеѓу двајца луѓе.