КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да се стоплите за време на долгите, зимски ноќи

Да, да сите знаеме дека зимата е убава и дека со неа доаѓаат празниците и сите оние убави и весели денови, но зошто мора да биде толку ладно? Можеби може да ги направите зимските ноќи пријатни...затоа ние ви претставуваме неколку совети за тоа како да ви биде топло за време на долгите, ладни и зимски ноќи.

Да, да сите знаеме дека зимата е убава и дека со неа доаѓаат празниците и сите оние убави и весели денови, но зошто мора да биде толку ладно? Можеби може да ги направите зимските ноќи пријатни...затоа ние ви претставуваме неколку совети за тоа како да ви биде топло за време на долгите, ладни и зимски ноќи.

Совет 1: Соодветно проветрете го домот

Многу е важно да имате доволно воздух во вашиот дом, дури и за време на долгите зимски ноќи кога поголем дел од вас би ги затвориле прозорците за да го држите ладниот воздух настрана. Но свежиот воздух е многу важен за добар сон, па затоа спалната соба треба да е соодветно проветрена и покрај непријатните временски услови.

Дознајте повеќе за уметноста на отворени прозорци во текот на зимата

Проблемот е во тоа што поголем дел од луѓето ги проветруваат собите на погрешен начин – делумно го отвораат прозорот и го оставаат отворен подолго време. Поголем дел не знаат дека на овој начин влегува само ограничена количина на свеж воздух, а истовремено драстично се намалува температурата во собата. Како соодветно да ја проветрите собата? Целосно отворете го прозорот и оставете го така неколку минути. Се препорачува да биде отворен 4-5 минути за да влезе доволно свеж воздух. Тоа направете го пред да легнете да спиете.

Совет 2: Облечете се во слоеви

И покрај модерната технологија со чија помош нашите домови се топли, зимските ноќи можат да бидат многу ладни. Едноставно решение да го победите непосакуваниот студ е пред да си легнете облечете се во повеќе слоеви.

Предноста на облекувањето во слоеви

Очигледно е дека повеќе слоеви значи повеќе топлина и дополнителна предност е дека во текот на ноќта ќе можете да соблечете еден слој доколку ви е многу топло. Исто така мора да знаете дека еден дел од телото најмногу страда за време на зимските ноќи, тоа се стапалата. Облечете уште еден пар удобни и топли чорапи и веднаш ќе се чувствувате пријатно.

Совет 3: Одберете го вистинскиот јорган

Кога станува збор за одбирање на вистинскиот јорган кој ќе ве топли во текот на долгите зимски ноќи најважен е материјалот од кој што е изработен. Јорганите со пердуви се лесни, меки, топли и низ нив циркулира воздух, волнените јоргани се отпорни и го задржуваат воздухот и може да се користат во текот на целата година, а синтетичките јоргани – кои се популарни и  долготрајни, лесно се одржуваат и ако имаат соодветна дебелина можат многу да ве стоплат.

Колку треба да е дебел зимскиот јорган?

Генерално тоа зависи само од материјалот од кој е направен и од личните желби, но сепак зимските јоргани треба да имаат густина од 400 до 600 грама на метар квадратен кога станува збор за јорган кој е изработен од микрофибер или волна, а кога станува збор за јоргани од пердуви густината треба да биде од 700-1400 грама на метар квадратен. Колку е поголема густината на јорганот, толку потопло ќе ви биде. Само немојте да одите во крајности, бидејќи и премногу топло нема да направи да се чувствувате пријатно.

Совет 4: Пред да си легнете напијте се една шолја топол чај

Не е голема тајна дека една шолја топол пијалак ќе ви ги стопли коските и ќе ви помогне да се чувствувате пријатно во најважниот момент од вечерта кога вашето тело треба да се опушти за да може да заспие. Но зошто да одбереме чај?

Чајот е неутрален избор

Вистина е дека многу луѓе веруваат дека одредени чаеви ни носат различни здравствени придобивки, но тоа не причината зошто треба да изберете чај наместо кафе, топло млеко или топла лимонада. Причината е многу поедноставна – чајот нема да има никакви несакани дејствија за разлика од другите пијалаци. (можеби само фактот дека можеби ќе треба да станете во текот на ноќта да ја посетувате бањата). Кафето ќе ви го наруши сонот, какаото и лимонадата ќе ви го покачат шеќерот во крвта и топлото млеко со неговите масти ќе ја поттикне работата на дигестивниот систем, што значи дека ќе го намали квалитетот на вашиот сон.

Затоа мора да знаете дека е чајот е изборот кој треба да го направите пред да си легнете бидејќи ќе убиете две муви со еден камен: ќе ве стопли, но нема да влијае врз природниот начин на телото да се одмори кога ќе легнете во кревет.