- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Wellneo® WeightTrack е вашата лична дигитална вага која ви овозможува да ја следите телесната тежина во удобноста на вашиот дом. Изработена од калено стакло отпорно на удари во црна боја, има технологија за автоматско калибрирање, активирање при згазнување и автоматско исклучување. Прецизните сензори овозможуваат точни мерки, додека големите бројки на ЛЦД екранот овозможуваат лесно читање без наведнување.

Застанувањето на вагата не мора да биде непријатно искуство кое предизвикува несигурност. Со своите практични карактеристики, Wellneo® WeightTrack Дигитална вага го претвора мерењето во охрабрувачко искуство. Оваа практична дигитална вага прецизно ја мери телесната тежина и ви помага да го следите вашето здравје. Заборавете на непријатното наведнување, големите бројки на ЛЦД екранот го прават читањето на резултатите, многу лесно.
За максимална прецизност, ставете ја вагата на тврда и рамна површина, избегнувајќи ги теписите. Застанете на неа, почекајте неколку секунди и проверете ја вашата тежина. Четирите прецизни сензори со автоматска калибрација секогаш ќе ви овозможат точни мерки. Најдобриот дел? Бидејќи има автоматска функција за вклучување и исклучување, нема потреба да се наведнувате неколку пати.
Изработена од цврсто калено стакло со дебелина од 5мм и заоблени агли, Wellneo® WeightTrack Дигиталната вага има голема површина за мерење која нуди максимална удобност. Нејзиниот елегантен дизајн со црна боја лесно ќе се вклопи во секоја бања или спална соба. Подлогите кои спречуваат лизгање ќе ја задржат вагата на место додека се мерите, обезбедувајќи дополнителна безбедност. Нејзината мазна површина многу лесно се чисти, само пребришете со крпа или кујнска хартија.
Поседувањето на ваша лична вага ќе ви помогне да ја следите вашата телесна тежина со години. Wellneo® WeightTrack Дигиталната вага е издржлива, прецизна, лесна за употреба и со пристапна цена. Батеријата е вклучена, па ќе можете веднаш да почнете со користење. Дури и ќе ве предупреди кога батеријата ќе се испразни или ако тежината на корисникот е премногу голема или мала. Уживајте во патувањето кон најдобрата форма!