КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Над-душеци

Над-душеци

Вистинскиот над-душек ќе ви обезбеди мекост, ако вашиот душек е цврст или цврстина, доколку ви е потребна поголема поддршка.

Подреди според Подреди според

5 производ(и)

Затворете

5 производ(и)

Затворете

Дормео Над-душеци

Денес, сè почесто, заедно со класичните високи душеци, купувачите се заинтересирани за попогодни опции – над-душеци. Над-душекот е тенок душек без пружини, со различен степен на тврдост, кој има низа предности во однос на класичните модели. Може да се користи и одделно, но можете да го користите и на обичен душек или софа, со што ќе ја зголемите вашата удобност. За време на спиењето, самата површина ви дава чувство на нежна масажа и ја засилува циркулацијата на воздух, на тој начин блансирајќи ја топлината и влажноста.

Кои се придобивките од над-душекот?

Топерите или над-душеците можат да ја подобрат нерамномерноста на креветот, да ја променат тврдоста на душекот или троседот, како и да го заштитат класичниот душек од абење, бидејќи нивната цена е многу пониска и полесно се одржуваат. Ортопедските над-душеци на Dormeo, се одличен избор за оние кои често се движат или одат на службено патување, бидејќи се лесни за транспортирање и складирање. Лесно ќе го завиткате, ќе го спакувате во торба и ќе го пренесете од едно до друго место.

Ако секое утро, од вашиот кревет, се будите уморни или со болка, особено на колковите и грбот, можебо треба да размисливте за дополнителен душек, т.е над-душек. Посебно ако вашата позиција на спиење е на страна. Тоа прави посевен притисок врз колковите. Над-душеците со мемори пена се идеални за вас, бидејќи нудат нежна и стабилна потпора на одредени точки од телото и ‘рбетот, спречувајќи формирање на болни места, кои ќе ви го нарушат сонот.

Практичен и корисен секаде

Доколку се прашувате каде сè можете да ги користите над-душеците, дозволете да ви дадеме неколку совети. Со вашиот над-душек, можете да го претворите вашиот кревет, софа или гостински кревет во удобно место за спиење и одмор. Можете да го понесете на кампување, бидејќи е идеален во обезбедување на дополнителна удобност. Заради својот дизајн лесно можете да го спакувате и чувате во вашата приколка. И да не заборавиме на најмладите. Вашиот над-душек може да биде идеална подлога за играње на децата или за вежбање.

Над-душекот е многу практично решение, доколку ви треба мобилно, дополнително решение покрај вашиот постојан кревет. Ако гости често доаѓаат кај вас, ако одите да спиете на друго место, ако сакате да ја поминете ноќта на тераса или во природа, само отворете го над-душекот и удобниот кревет е подготвен. Значи, не мора да се откажувате од мирен сон.

Кои материјали се користат во горниот дел?

Над-душеците што можете да ги купите во онлајн продавницата на Dormeo се изработени од најсовремени материјали. Тие обезбедуваат максимална удобност, а во исто време имаат антибактериски и хипоалергични својства, бидејќи тие не собираат нечистотија или грини од прашина. Употребата на новата генерација на мемори пена, ви овозможува да ја зголемите удобноста во сонот. Таа се приспособува на контурите на вашето тело, со што точките кои се под притисок се опуштени, мускулите релаксирани, а вие можете да ги почувствувате придобивките на квалитетниот сон, така важен за да се справите со секојдневните обврски.  

Јадро на над-душекот

Со оглед на тоа што во сите нашите производи вложуваме многу време во истражување и тестирање, можеме да се пофалиме дека во јадрото на секој над-душек, од нашето портфолио, е вградена врвна технологија, одговорна за вашата крајна удобност. Јадро од Orthocell пена, Еcocell пена со 3D ќелии, Memory пена изработена од листови графен за дополнителна удобност, се дел од најновите иновации, кои гордо ги прикажуваме и вградуваме во нашите над-душеци. И да не го заборавиме Clear Effect третманот, кој не само што ве штити од бактерии и мириси туку и овозможува над-душекот да дише, креирајќи хигиенска средина за мирен сон.

Претворете ја вашата софа во омилено место за одмор и релаксација или како простор за сместување на драги гости, со некој од нашите модели на над-душеци. Обезбедета ја удобноста и свежината што ви требаат со дополнителното легло.

Димензии на над-душеците?

Нивната просечна висина е 4-7 см. Ширината на над-душекот може да се совпадне со кој било кревет со димензии од 70×190 см, до 200×200 см.