КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Додатоци

Додатоци

За вас подготвивме различни додатоци од Dormeo, за модерен „допир“ во вашиот дом и зголемена удобност.

Подреди според Подреди според

16 производ(и)

Затворете

16 производ(и)

Затворете

Дормео Додатоци

Додатоците се важен дел од секој ентериер. Тие ќе додадат вкус и поголема удобност во вашиот дом. Изберете од богатиот избор на украсни производи, додатоци за спална соба или бања. Тука ќе најдете одлични решенија и широк спектар на производи и додатоци кои ќе ви помогнат да ја одржувате уредна бањата, луксузен изглед за вашите спални соби или работа во хигиенска средина. Сите додатоци на Dormeo се изработени од квалитетни материјали и гарантираат долг век на траење

Со нашите ревијални додатоци, украсни перници, ќебиња, летни килими, можете да го направите целиот дом и тераса попријатни, да ја украсите вашата бања со мек текстил, а со торбите Dormeo да започнете нови авантури.

Мемориска пена, килим за брзо сушење не е само убава декорација, туку и практичен додаток за бањата. Во нашата понуда ќе најдете и меки крпи за брзо сушење и чаршави за бања.
Секој сака да излезе од бањата во луксузна бањарка со чувство на чистина и удобност. Сега можете да внесете доза на луксуз во вашето секојдневие, со оваа мека и апсорбирачка бањарка, произведена од 100% природен памук.

Шарените ќебиња и килими прават добра услуга цела година. Во лето можете да ги користите како лесен јорган, да го понесете на пикник со вас, да ги постелете под децата, додека играат на подот, а во зима да ги користите како дополнително ќебе ако ви е студено. Меѓу пријатните бои и веселите дезени, секој ќе го најде својот омилен додаток. Ако барате покривка за спиење, погледнете ги нашите квалитетни јоргани.

Нашиот бренд е одлично друштво за вас, додека патувате. Нашите куфери ги исполнуваат највисоките барања и стандарди за авионски патувања. Стилски, практични и еколошки, изработени од лесна, трајна и рециклирана PET пластика. Со 4 тркалца и телескопска рачка, овој Go Eco куфер ќе ви биде практично друштво на вашите патувачки авантури. Достапен е во две големини.

Дали знаевте дека вреди повторно да ја менувате перницата на секои 2 години, за да спиете во загарантирана хигиенска средина? Нашите перници од Dormeo се изработени од најсовремени материјали и соодветно ги поддржуваат вратот и грбот. Во понудата ќе најдете анатомски или обиПронајдете ja вистинската за вас.

Независно од вашите спијачки навики, вашиот душек, заедно со перницата е основата за квалитетен сон. Токму затоа е важно соодветно да биде заштитен. Покрај широкиот избор на постелнина, од најразлични материјали, во нашата понуда ќе најдете и одлични заштитни прекривки кои го продолжуваат животниот век на вашиот душек, штитејќи го вашиот удобен и квалитетен сон.

Амбиентот на вашата спална соба има големо влијание врз квалитетниот сон. Покрај големиот избор на квалитетена постелнина, душеци и перници, ние ви нудиме и квалитетен, елегантен и функционален мебел, со кој вашата спална соба ќе доживее комплетна трансформација. Уредете ја вашата спална соба по сопствен вкус и креирајте пријатно место за одмор и релаксација. Нашите експрети ви стојат на располагање за секаков совет.

Покрај понудата на квалитетни душеци и над-душеци, Dormeo програмата е збогатена и со понуда на кревети за вашите домашни миленичиња. Ergo Comfort креветот за миленици, благодарение на Ecocell мемори пената, од која е изработен, нуди поддршка ‘рбетот и водоотпорна навлака, која може да ја перете во машина, на 40°. Експертите за спиење, сега се посветија на квалитетниот сон на домашните миленици, бидеќи тие тоа го заслужуваат.

Во Dormeo сме секогаш фокусирани кон креирање на практични решенија за вашиот дом. Таков е сетот на кеси за вакумирање кои се идеални за складирање на облека, јоргани, играчки, перници. Со нивното користење добивате и до 80% слободен простор. Супер практични за на одмор, кампување или пак селење. Можете да одберте сет од 3 или сет од 5 кеси за вакумирање.