КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Правила и услови на програмата за привилегии - Топ Шоп семејство на Студио Модерна дооел Скопје

1. Вовед

1.1. Правилата и условите за програмата на Топ Шоп Семејство на СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст Програма) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања кои произлегуваат од членството во Програмата.

1.2. Правилата заедно со кои било други применливи услови и правила поврзани со кои било промотивни понуди што може да бидат испратени до корисниците на Програмата, претставуваат договор помеѓу корисникот на Програмата и СТУДИО МОДЕРНА. Со зачленување во Програмата, и нејзино континуирано користење, корисниците ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила.

1.3. Програмата за Топ Шоп семејство е основа за воспоставување на база на корисници но и претпоставка за редовна комуникација. Преку програмата, сите корисници на програмата ќе бидат известени за нови производи и поволности кои ги организира СТУДИО МОДЕРНА. (Преку различни форми на комуникација како што се, но не ограничувајќи се на: интернет, социјални медиуми, телефон, смс, вибер, каталог, флаери, рекламни изложени материјали во продавниците и сл.)

2. Општи дефиниции

2.1   Правилата и условите значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата и истите претставуваат договорен однос помеѓу СТУДИО МОДЕРНА и корисникот на Програмата;

2.2  „Член/Корисник на програмата на Топ Шоп Семејство“  е група на потрошувачи што ги прифатиле правилата и условите за членство во програмата на СТУДИО МОДЕРНА , со што се стекнуваат со посебни услови за продажба на производите на СТУДИО МОДЕРНА и претставува одвоена/посебна програма од другите програми (не треба да се меша со „Клуб 5 картичка“  и други програми);

2.3 „Клуб 5 картичка“ е картичка што е поврзана со кориснички профил што се добива со надомест, и со која купувачите имаат право на дополнителни попусти, вредносни ваучери, бесплатна испорака до одреден износ и други привилегии при купување на производите од СТУДИО МОДЕРНА;

2.4. „СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје“ е правно лице што е основано и работи во согласност со законите во Република С. Македонија со седиште на ул. „Костурски Херои“ бр. 38, Центар, 1000 Скопје, (понатака во текстот: СТУДИО МОДЕРНА);

ПОВОЛНОСТИ

Топ Шоп Семејство програмата овозможува на нејзиниот Член/Корисник на програмата на Топ Шоп Семејство пониска цена на одредени производи од портфолиото на СТУДИО МОДЕРНА, што ќе биде обележана на самите производите со назнака „Само за Топ Шоп купувачи“. Програмата овозможува и други поволности:

  • Купувачите/Корисниците секогаш дознаваат први за промоцијата на новите производи преку различни комуникациски средства како што се: телевизија, социјални медиуми, радио, вибер и смс, флаер, промотивен материјал во продавниците и др.
  • Право на повластени цени понудени во заедничка понуда со други производи
  • Поволности и заштеди за пакет производи

Дополнително, купувачите може да одберат членство во некое од двете „Клуб 5 картички“ чии привилегии може да ги користат и останатите членови од нивното потесно семејство. Клуб 5 членството нуди пошироки поволности при купување на производи, што се изразени во текстот:

 

Premium членство

важност од 1 година

1.590 ден.

Exclusive членство

важност од 2 години

2.590 ден.

  • Вредносни ваучери

1x300 и 1x600 ден. вредносни ваучери (со важност 3 месеци)

  • Вреден Дормео ПОДАРОК

Се секој купен душек, добивате вреден ПОДАРОК од Дормео.

  • Ваучер за достава

1 ваучер за достава со вредност од 400 ден.

 

  • Вредносни ваучери

2x300 и 2x600 ден. вредносни ваучери (еден ваучер со важност до 3 месеци, вториот ваучер со важност до крај на членството)

  • Гаранција

Гаранција од 12 месеци на електрични производи.

  • Ваучери за достава

во вредност од 2x400 ден.

 

  • Вреден подарок

Со секое зачленување, добивате вреден подарок

  • Наградни игри

Учество во специјални наградни игри

 

  • Дополнителна гаранција

Дополнителна гаранција од 6 месеци на електрични производи.

  • Вреден подарок

Со секое зачленување, добивате вреден подарок

  • Најдобри понуди од нашите брендови

достапни само за Клуб 5* купувачи

  • Наградни игри

Учество во специјални наградни игри

 

Правилата и условите за членство во Програмата на Топ Шоп Семејство, како и условите за станување член во програмата на Клуб 5 се јавно достапни и во секој момент може да се видат на интернет страната  www.topshop.com.mk

Услови за членство:

Член/Корисник на привилегирана програма може да биде секое физичко лице кое: (1) има наполнето најмалку 18 години, (2) има дадена согласност да биде член, (3) се придржува кон Правилата за користење, (4) членството во програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.

Пристапување во програмата на Топ Шоп Семејство на СТУДИО МОДЕРНА е без надомест и е овозможено преку дадена согласност за пристапување во програмата преку телефон, на веб страната преку вршење на електронска трансакција, или директно во продажните салони, и истото е без временско ограничување.

Клуб 5 картички се со надомест, и зависно од видот на привилегиите се овозможуваат 2 типа на членство:  Premium членство и Exclusive членство, со цени и временски период како што е определено погоре во овој правилник.

Ограничувања

Погодностите на членовите на програма не може да се заменат за готовина.

Погодностите и бенефициите на членовите на програмата не може да се подарат, да се префрлат или на друг начин да се направат достапни за користење за кое било друго лице. Исклучок од ова правило се Клуб 5 картичките што нудат привилегии за членовите од потесното семејството на лицето чие име стои на Клуб картичката.

Прифаќање на условите за користење

Со пристапувањето кон програмата на Топ Шоп Семејство, корисниците недвосмислено и неотповикливо изјавуваат дека се запознати, дека се согласни со условите и дека се информирани дека сносат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.

Престанок на членството

Корисникот/Членот може да престане да учествува во програмата на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од програмата од страна на СТУДИО МОДЕРНА, доколку не се придржува до правилата за користење.

За корисниците на Клуб 5 картичките, членството во привилегираната програма им престанува со истекот на времето за кое се издадени од СТУДИО МОДЕРНА и за кое се води електронски запис за почеток на времетраењето. 

Измена на условите и Правилата

Студио Модерна има право еднострано да ги смени правилата и условите за програмата, без согласност на Корисникот, објавувајќи ги новите услови на нашите веб страни.

Политика за приватност и заштита на лични податоци

Со прифаќање на овие Правила, корисникот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно позитивните законски прописи во Република С. Македонија и интерните правила на СТУДИО МОДЕРНА.

Судска надлежност

Корисникот на Програмата и Студио Модерна ќе се обидат да ги решат сите спорни прашања спогодбено, а доколку тоа не е можно, Основен Суд Скопје ќе биде надлежен суд.